flash

Можности за работа

Обемот на работа на ГПМ Консалтинг се зголемува со сè поголемиот број на меѓународни проекти во Македонија и во странство во коишто компанијата зема учество. Со цел да се задоволат потребите што произлегуваат од зголемениот обем на работа, ГПМ Консалтинг има потреба од постојано надградување и ажурирање на сопствената база на реномирани меѓународни и домашни експерти за краткорочни и долгорочни работни ангажмани.

Квалитeтот на услугите кои ГПМ Консалтинг им го обезбедува на клиентите се заснова на високата стручност на експертите што самата компанија ги ангажира. Поради тоа, компанијата има постојана потреба од професионалци со експертиза во следниве области: земјоделство и рурален развој, транспорт и инфраструктура, енергетика, животна средина, култура и образование, труд и социјална политика и информатичка технологија. Тие се регистрираат во базата на податоци на компанијата со испраќање кратка биографија (CV) на електронската адреса: contact@gpm.com.mk.

При идентификување, аплицирање и склучување нови договори, базата на податоци на експерти врши електронско пребарување на експерти, соодветни за потребите на задачата, во согласност со нивните професионални квалификации и лични интереси.
Експертите треба да имаат најмалку 10 години професионално искуство, одлично познавање на англискиот јазик (познавањето други јазици се смета за предност) и практично искуство со меѓународно финансирани проекти (ЕУ, Светска банка, UNDP, GTZ, USAID, JAICA, EBRD, итн.).
Кратките биографии (CV) треба да бидат во еден од следниве формати:

Ве молиме користете ги следните формати на кратки биографии:

Моментално, ГПМ Консалтинг бара високо квалификувани експерти за следните позиции:



  • http://gpm.com.mk/upload/ugg170.asp