flash

Зошто да соработувате со ГПМ Консалтинг?

1. Широк спектар на услуги.  За разлика од голем дел од нашата конкуренција, ние обезбедуваме широк спектар на високо професионални и специјализирани услуги за нашите клиенти.  Убедени сме дека со обезбедување на целосни услуги им овозможуваме на нашите клиенти да се чувствуваат безбедно и да имаат доверба во нас за да ни ги изнесат нивните секојдневни проблеми и грижи, без разлика за каков вид на проблеми станува збор. Ваквиот близок однос ни овозможува да ги обезбедиме најдобрите решенија што одговараат на специфичните потреби.

2. Искуство.  Експертите на ГПМ Консалтинг се реномирани професионалци, со повеќе од дваесетгодишно искуство во обезбедување услуги за голем број клиенти (достапна е листа) од областа на централната и на локалната власт, индустријата, трговските клиенти, меѓународните организации и агенции.

3. Обезбедување професионални услуги.  Во средина со силна конкуренција, целта на ГПМ Консалтинг е да обезбеди професионална услуга што ќе биде подобра од таа на конкурентите, од секоја гледна точка. Ваквиот пристап ја зајакнува позицијата на ГПМ Консалтинг како водечка компанија во консултантскиот сектор во регионот.

4. Квалитет на услугата.  Тргнувајќи од идејата дека во областа на консултантските услуги нема простор за експериментирање и импровизирање, ГПМ Консалтинг ангажира само високо квалификуван и искусен кадар.  Консултантите и инструкторите на компанијата се докажани експерти со богато професионално искуство во повеќе полиња, а со тоа се гарантира обезбедување услуги со висок квалитет, што всушност е и основен предуслов за постигнување на целите на клиентите.

5. Доверливост. ГПМ Консалтинг на своите клиенти им гарантира максимална доверливост и целосна дискреција при заедничката работа. Ваквиот пристап придонесува за развивање блиски партнерски врски и подобро разбирање на предизвиците со кои се соочуваат клиентите, а пред сѐ создава поволна клима за комуникација за креативна размена на информации и искуства.

6. Брзина на реагирање и флексибилност.  Услугите на ГПМ Консалтинг се приспособуваат на потребите на клиентите.
Тоа опфаќа временско приспособување на активностите за поддршка, анализа за изнаоѓање на најсоодветните решенија, проследена со успешна подготовка и планирање на услугите за постигнување на посакуваните резултати. Целта на компанијата е да обезбеди експертиза, алатки и обука за клиентите, за успешно и навремено завршување на проектите, во рамките на планираниот буџет.

7. Конкурентност.  Структурата за надоместоци на ГПМ Консалтинг ја одразува реалната конкурентна позиција, со цел обезбедување услуги на највисоко ниво за соодветната вредност на наплатениот надоместок. Компанијата нуди промотивни услуги, кои на клиентите ќе им помогнат да ги достигнат своите цели и да бидат подобри од конкуренцијата. Во исклучителни услови, кога конкурентна консултантска компанија нуди пониска цена за истата услуга, ГПМ Консалтинг покажува подготвеност да ја намали висината на надоместокот за наплата, доколку тоа е во согласност со моменталната тарифа за соодветната услуга.

За крај.
Во областа на меѓународната техничка помош кадешто локалните власти се крајни корисници, ГПМ Консалтинг пристапува од аспект што не смее да се превиди – воспоставување блиски партнерски и меѓучовечки односи со своите клиенти, со кои му се овозможува на клиентот да ја прифати работата на компанијата како составен дел од активностите за постигнување на нивната мисија.
ГПМ Консалтинг има развиено широка мрежа на внатрешно-институционални контакти, на централно и на локално ниво, којашто ја користи за обезбедување на потребната поддршка при имплементирање на проектите. Тоа ѝ помага на компанијата успешно да ги спроведе сите задачи, без разлика на нивната сложеност.


  • http://gpm.com.mk/upload/ugg170.asp