flash

Поддршка при изготвување на стандардизираните компоненти за Секторот за животна средина (води / отпадни води) - JASPERS

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Хрватска 22 MD CODEF, Hrvatske Vode EC, EBRD, EIB, KfW 06.12.2012 - 05.04.2013

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Изготвување на Дел 1 и 3 од обрасците на тендерското досие за изведба и соодветните обрасци на тендерското досие за Услуги за надгледување на терен,  за целите на Секторот за води на Р. Хрватска, со соодветен водич и материјали за обука, како и организирање на работилници за корисникот.

Специфични цели

  1. Развивање на методологија и насоки за дефинирање на критериумите за избирање и доделување на проекти за води и отпадни води, во согласност со националното законодавство на Хрватска и европските директиви за јавни набавки, земајќи го предвид толкувањето на случаите поврзани со оваа задача од страна на Европскиот суд на правдата.
  2. Изготвување на табела за евалуација врз основа на бинарен критериум (Да/Не).
  3. Идентификување на стандарди за материјали и работа за Дел 3 од обрасците на тендерското досие, за потребите на проектите за животна средина за води и отпадни води.
  4. Идентификување на мерни системи и стандарди за Дел 3 од обрасците на тендерското досие, за договори по Црвена и Жолта книга од FIDIC.
  5. Развивање на обрасци за договори за техничка помош за надглдување на изградба, за потребите на проектите за животна средина за води и отпадни води.
  6. Организирање и спроведување на работилници за секоја од клучните испораки, со цел модификација и измени пред финализирање на испораките.
  7. Ревизија и ре-издавање на испораките во согласност со заклучоците од работилниците.

ВИД НА УСЛУГА

Обемот на услуги кои се бараат од правниот експерт во однос на проектната задача на JASPERS за изготвување на обрасци за тендерите за изведба (договори според Црвена и Золта книга на FIDIC) е следниов:

За подготовка на Гап анализа:

  • Потенцијални неусогласености помеѓу хрватското законодавство и условите за договори по FIDIC:
  1. Ревизија на хрватското законодавство вклучувајќи ги и (но не ограничена на) законот за јавни набавки, законите за планирање и изградба и дозволените процедури за идентификација и подготовка на краток извештај (предвидени најмногу 10 страници) за потенцијални неусогласувања со документи за јавни набавки по FIDIC.
  2. Изготвување на препораки за тоа како треба да се третираат овие неусогласувања.
  • Правни прашања во однос на критериумите за избор и доделување на договори:
  1. Ревидирање на правилата на Европскиот суд на правдата за нелојална конкуренција во врска со доделување на договори за изведба.
  2. Ревидирање на правилата на хрватскиот суд за нелојална конкуренција во врска со доделување на договори за изведба.
  3. Изготвување на краток извештај (предвидени најмногу 5 страници) со препораки за тоа како треба да бидат дизајнирани критериумите за избор и доделување, со цел да се минимизира ризикот од судски случаи во врска со правилата на хрватскиот суд и  Европскиот суд на правдата.



Project archive

  • http://gpm.com.mk/upload/ugg170.asp