flash

Студија за пазарите на живина и производи од живина во Албанија и Македонија

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Р. Македонија и Р.Албанија 22.750 A : 30 раб. ден , B: 2 Германска федерална канцеларија за земјоделство и храна (BLE) Германска влада 10.12.2015 - 18.02.2016 AFC Public Services GmbH

Детален опис на проект

Општи цели
 
 Малите и средните претпријатија немаат средства за истражување на пазарите во развој што честопати води и до неискористување на нивните потенцијали. Студијата има за цел да ги оцени предизвиците и можностите на Германските живинарски претпријатија, како и да понуди точни и практични информации и совети за поврзување со увозници од Албанија и Македонија.
 
Специфични цели
 
1. Обезбедување на увид во консумацијата на живина во Албанија и Македонија
2. Појаснување на прехранбените навики на живина во Албанија и Македонија (цели / делови, преработени производи)
3.  Појаснување на преференците на потрошувачите во Албанија и Македонија
4. Опис на албанскиот и македонскиот пазар на живина сегментиран според видот (развој, производство, колење, побарувачка и понуда и комерцијални / маркетинг канали)
5.  Опис на албанскиот и македонскиот пазар на живина сегментиран според различните видови на пазарни сегменти кои вклучуваат: свежа, замрзната и живински проиводи.
6. Да обезбеди податоци за движењето на цените на живината во Албанија и Македонија (цени на производителите, цени на големо и мало, споредба со цените на производите од увоз) 
7. Да обезбеди статистички податоци за живината и проиводите од живина поделени според тарифни броеви и земји на потекло
8. Да се опишат извозните/увозните процедури за живина и преработки од живина, царински давачки / квоти и ризици (валутни ризици)

Вид на услуга

Консултантот ќе ги обезбеди следните услуги:
-  Појаснување на достапните податоците и информациите
-  Собирање на податоци
-  Анализа на податоци
-  Валидација на податоци
-  Евалуација; Анализа на потенцијалите за извоз на германски производи
-  Обезбедување на административна помош


Project archive

  • http://gpm.com.mk/upload/ugg170.asp