flash

Организација на настани во Р. Македонија и студиски патувања во странство

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Р. Македонија 410.000 A : 180 раб. ден, Б: 2 Генерален секретаријат на Советот на Европа Совет на Европа 03.02.2014 - 22.12.2016 /

Детален опис на проект

Општи цели

 Давање услуги за поддршка на имплементацијата на бројните активности на Советот на Европа во  Поранешната Југословенска Република Македонија, кои вклучуваат конференции, семинари, посети на официјални делегации, студиски посети, настани и активности.

Специфични цели

Предмет на договорот е обезбедување на домашен превоз, аеродромски превоз во земјата и во неколку земји членки на ЕУ, места за средби/хотели, поврат на патни трошоци и плаќање на дневници, сместување, конференциски пакети и логистичка поддршка, поделени во два лотови.  
Договорот се однесува на 110 средби во земјата и 8 студиски посети во странство во 2014.  Во зависност од потребите на Советот, Договорот може да опфати поголем или помал број на активности.
Бројот на учесници на состанок се движи од 10 (на нацрт сесии), 10-50 (на средни семинари) до 50-100 (на големи конференции) со просек од 30-50 учесници. Бројот на учесници на студиски посети е најмногу 10.

Вид на услуга

Услугите, поделени во 2(два) лота, се:
 
ЛОТ 1 – Транспорт, патувања и дневници

Домашни и меѓународни патнички услуги во периодот на одржување на настани во  Поранешната Југословенска Република Македонија  и  студиски патувања во странство кои вклучуваат:

Повратни железнички/автобуски билети за учесниците (вклучително и експерти и персонал));
Превоз на учесници од станици/престојувалишта до аеродром/ железнички/автобуски станици и назад;
Превоз на учесници од аеродром/ железнички/автобуски станици до местата предвидени за средби/хотели и назад, во  Поранешната Југословенска Република Македонија и странство;
Постојано присуство на возачи на различни локации и превоз на учесници помеѓу тие локации;
Плаќање на дневници за состаноци во  Поранешната Југословенска Република Македонија и странство;
Покривање на патни трошоци.

ЛОТ 2 – Сместување, конференциски пакет и логистичка поддршка
 
Сместување на учесниците на база на пансион/полупансион/ноќевање со појадок (минимум 3 ѕвезди) во   Поранешната Југословенска Република Македонија  и странство;
Комплетен конференциски пакет кој вклучува конференцскики сали, оброци, кафе паузи, фотокопирани и промотивни материјали како на пример банери, беџови, тетратки, пенкала, итн.
Угостителски услуги за приеми, официјални ручеци и вечери.


Project archive

  • http://gpm.com.mk/upload/ugg170.asp