flash

Историјат

ГПМ Консалтинг е независна компанија во приватна сопственост којашто дејствува во областа на комбинирање на дејностите од јавниот и од приватниот сектор. Компанијата е основана од страна на група локални и меѓународни експерти, со цел да се обезбеди секаков вид на професионални консултантски услуги, за широк спектар на клиенти.

Експертите на ГПМ Консалтинг располагаат со повеќе од дваесетгодишно искуство и со експертски познавања од различни области. Тоа ѝ овозможува на компанијата да понуди услуги и помош за спроведување на активностите во јавниот и во приватниот сектор, и во различни меѓународни организации и агенции. 

Комбинирајќи ги ентузијазмот и искуството, тимот на ГПМ Консалтинг посветено работи во насока на обезбедување навремени и соодветни решенија во своите активности, во однос на сите проекти.
Посветеноста, искуството, како поддршка при извршување на активностите за клиентите, како и високо специјализираната експертиза на персоналот на компанијата, претставуваат гаранција за постигнување успех. Со тоа се исполнува мисијата на компанијата – да се обезбедат услуги за постигнување најдобри резултати, при што се презема целосна одговорност за достигнување на целите на клиентите, во делот на обврските на ГПМ Консалтинг.

Компанијата е основана во март 2005 година од страна на 5 локални и 3 меѓународни експерти, со здружување на нивното искуство од областа на консултантските услуги и одржувањето обуки. Оттогаш, па сè до денес, компанијата успева да состави база од околу 2000 меѓународни експерти, следејќи го трендот на  глобализацијата и моделот за водење современ бизнис - да се спојат различни видови услуги на едно место, со цел постигнување конкретни резултати.

Со зголемувањето на бројот на експертите со кои располага ГПМ Консалтинг, за многу кратко време се проширува опсегот на стручноста на компанијата за проекти финансирани од страна на македонската Влада, владите на други држави, агенции на ЕУ (како на пример: Европската агенција за реконструкција (EАР), Европската фондација за обука (ЕТФ) и други), Светската банка (СБ), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), ГТЗ и други.


  • http://gpm.com.mk/upload/ugg170.asp