flash

Мисија и визија

Мисија

Мисијата на ГПМ Консалтинг е да обезбеди најдобра можна експертиза за клиентите од јавниот и од приватниот сектор коишто се стремат да ги зајакнат своите капацитети и да ја унапредат својата функционалност, со што ќе се зголеми нивната продуктивност. Преку обезбедување врвни консултантски услуги, ГПМ Консалтинг гарантира дека клиентите ќе ја добијат најдобрата практична помош којашто е потребна за непосреден и одржлив развој на работата на ефикасен и на профитабилен начин.

Визија

Визијата на ГПМ Консалтинг е да биде првиот и единствен избор на клиентите при потрагата по доверлив партнер за меѓународни консултантски услуги.
Кога Микеланџело го прашале како ја создал статуата на Давид, тој одговорил: „Лесно беше, едноставно земав едно големо парче мермер и ги исфрлив парчињата што не беа Давид“.


Оваа, по претпоставка, вистинита анегдота е олицетворение на филозофијата на работење на ГПМ Консалтинг. Тимот на ГПМ Консалтинг цврсто верува дека мудроста и знаењето за создавање на посакуваната и достижна иднина за секоја организација веќе постои во самата организација (вклучувајќи ги и корисниците, клиентите и набавувачите). Улогата на консултантот е да создаде процес и дисциплина за ослободување на мудроста и на знаењето. Тој не треба да биде експерт за самиот систем и да спроведува експериментални теории. Клучен фактор за успешно спроведување на секој проект, програма или стратегија е почитување на стандардите и вредностите, како и зачувување на интегритетот на клиентот, притоа земајќи ги предвид неговите цели. Секој поинаков пристап, кадешто не се земаат предвид целите на клиентот, би бил несериозен. Иницијативите, системите и процесите на компанијата, синхронизирани со целите на клиентите, имаат поголема можност за успешно спроведување на активностите, на задоволство на сите вклучени страни.


  • http://gpm.com.mk/upload/ugg170.asp