flash

Животна средина

envir

ГПМ Консалтинг со помош на своите експерти за животна средина обезбедува консултантски услуги коишто соодветствуваат со потребите на компаниите и владините агенции со дејности од областа на животната средина, a притоа ја потврдува својата посветеност кон одржливиот развој. Консултантските услуги на ГПМ Консалтинг ги опфаќаат регулативите и политиките за животната средина, вклучувајќи и организирање обуки за усогласеност во областа на животната средина, организирање состаноци за презентирање проекти, поддршка при евалуација и изготвување извештаи од областа на животната средина.

Нашата експертиза ги покрива следните области:

  • Евалуација на влијанието врз животната средина
  • Управување со отпад (вклучувајќи ги и аспектите на јавните/ приватните структури за управување со отпад)
  • Контрола на индустриското загадување
  • Управување со води, вклучувајќи планирање (на пр. управување со речен слив), водоснабдување и третман на отпадни води.
  • Загадување на воздухот
  • Заштита од бучава
  • Хемикалии, отровен и опасен отпад
  • Управување со еколошки ризици / катастрофи

  • http://gpm.com.mk/upload/ugg170.asp