flash

Труд и социјална политика

labori

Имајќи предвид дека високата стапка на невработеност како главна причина за сиромаштијата, сѐ уште претставува една од најголемите пречки за развојот на општеството, се доаѓа до заклучок дека подобрувањето на достапноста до нови и добро платени работни места е клучен чекор за напредок на ова поле. ГПМ Консалтинг вложува напори да го даде својот придонес кон процесот на глобално организирање на пазарот на трудот, како и стумулирање за отворање нови работни места.

ГПМ Консалтинг нуди широк спектар на решенија за унапредување на човечките ресурси, кадешто со подобрување на вештините и преквалификација би се зголемиле можностите за вработување на клиентите и креирање сопствен бизнис. Компанијата веќе има постигнато значителен успех во полето на половата еднаквост на пазарот на трудот, работејќи во согласност со стратегијата за вработување на Европската унија.

Ваквиот пристап придонесува за интегрирање на професионалната и на општествената средина и ќе им создаде еднакви можности за потенцијално вработување на сите граѓани, овозможувајќи им на лицата што претходно се наоѓале на маргините од општеството активно да земат учество во бизнис- заедницата.

Експертизата на ГПМ Консалтинг  ги опфаќа следниве области:

  • Структура и карактеристики на работната сила;
  • Управување / уредување на пазарот на трудот, услуги при вработување и канцеларии;
  • Социјален дијалог;
  • Создавање  работни места;
  • Анализа на социјалната состојба и нејзиното влијание;
  • Институции за социјална политика и нивно управување;
  • Политики за помош  и социјално интегрирање.

  • http://gpm.com.mk/upload/ugg170.asp