flash

Енергија

Energy

Целта на ГПМ Консалтинг во оваа област е да биде компетентен партнер во процесот на проектирање и планирање технички инсталации на клиентите, притоа придонесувајќи за постигнување висока вредност и квалитет на изведување на активностите. Експертите на ГПМ Консалтинг имаат искуство во извршување различни активности од областа на енергетското инженерство и планирање во регионот, а исто така располагаат и со познавања од областа на технологиите со најмал можен негативен ефект врз животната средина. Компанијата обезбедува услуги за поддршка на институции и организации при формулирање енергетски политики, развивање енергетски проекти, развој и имплементација на енергетски планови, како на регионално ниво, така и на ниво на Европската унија.

На 1 април 2009 година, како партнер во меѓународен конзорциум, ГПМ Консалтинг го добива DG TREN/R1/350-2008 Framework Service Contract, којшто се однесува на правна, економска и техничка поддршка од областа на енергетиката и транспортот (Lot 3 – активности за техничка поддршка на Европската комисија). Индикативниот максимален износ за активностите по договорот изнесува 5 милиони евра, со времетраење на договорот од 4 години.

Експертизата на ГПМ Консалтинг ги опфаќа следниве области, имајќи го предвид секторот на обновлива енергија како главна цел на активностите:

  • Испорака на постојана (reliable) енергија и развој преку енергетско планирање на топлани и електрични централи
  • Евалуација на програми и проекти од областа на енергетиката;
  • Поддршка при усогласувањето со клучни директиви на ЕУ за животна средина;
  • Воспоставување ефикасно и еколошко производство на топлина и електрична енергија.

  • http://gpm.com.mk/upload/ugg170.asp