flash

Инвестиции во приватниот сектор

Во својство на партнер во конзорциуми вклучени во спроведувањето на голем број на меѓународни проекти во Македонија, ГПМ Консалтинг продолжува да ја докажува својата ефикасност при обезбедувањето на значајна помош при олеснувањето на присуството на странски компании и бизниси во државата.   Тоа ни овозможи да развиеме особено разбирање на методите за развој на приватниот сектор и ни даде предност во обезбедувањето на услуги од видот на „клуч на рака“.

ГПМ Консалтинг на располагање има ресурси и капацитет да учествува во странски инвестиции како партнер во заеднички потфати на проекти со висока стапка на изведливост.

Имаме беспрекорна репутација за преземање на целиот правен процес при регистрација на компании, отворање на жиро сметки на странски компании и проекти финансирани од странство, посредување за враќање на данок, купување на приватно и државно земјиште со придружната документација, пријавување за секакви видови на дозволи (за градба, за животна средина, итн.) коишто ги издаваат државните агенции и органи, советување за можни стратегии за склучување на договори и тендери со коишто најдобро ќе се искористи вклучувањето на приватниот сектор, итн.  Сето ова е надополнето со многу услуги како што се воспоставување на седиште на компанија преку обезбедување на простории, барање на вработени, набавка на целата потребна телекомуникациска и канцелариска опрема, мебел и канцелариски материјал.

Нашата експертиза ги покрива следните области:

  • Разбирање на меѓународни проекти, како и разбирање на одлуките на инвеститорот
  • Препознавање на целните сектори и компании и како да се избере и да му се пристапи на потенцијален инвеститор
  • Користење и развој на студии на сектори
  • Регионална соработка во пронаоѓање на инвеститори
  • SWOT анализа и бенчмарк на пронаоѓањето на инвеститори
  • Вовед во комуникацијата со инвеститори, принципи на комуникацијата на инвеститорите и градење на имиџ
  • Употреба на промотивни алатки за привлекување на инвеститори
  • Грижа по инвестирањето и следење на странски инвеститори
  • Промоција на инвестиции (домашни и странски) итн.

  • http://gpm.com.mk/upload/ugg170.asp