flash

Јавни набавки и концесии

Огромното искуство со коешто се има здобиено во текот на годините во областа на услугите за јавни набавки е многу важно за успешната работа на ГПМ Консалтинг при обезбедување на експертска помош на компаниите што учествуваат на тендерите за јавни набавки во регионот. Нашата професионалност при обезбедувањето на ефективно, ефикасно и соодветно искористување на ресурсите ни овозможува да спроведуваме постапки на набавка за голем број на корисници и да покриеме голем спектар на категории на договори, меѓу кои и инфраструктура, животна средина, образование и култура, ИТ решенија, земјоделство, енергија, итн. Решенијата се специјално подготвени за да се совпаѓаат со потребите и ресурсите на секој клиент, а освен тоа работиме согласно со одредбите на Европското право и меѓународните регулативи.

Нашата експертиза ги покрива следните области:

  • Пристап до јавни договори, наоѓање на релевантни договори и пишување понуди
  • Спроведување на е-набавки
  • Формулирање на стратегии за развој на капацитет за набавки
  • Подготовка на тендерска документација (технички и финансиски предлози) и договори
  • Процеси на јавно наддавање
  • Правни совети и спроведување на жалбени постапки
  • Континуирани консултантски услуги за времетраењето на договорот 

  • http://gpm.com.mk/upload/ugg170.asp