• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Турција 174.108 EUR 1 Министерство за труд и социјална заштита на Турција ЕК 07.06.2011 - 01.10.2011 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

ТЕХНИЧКА ПОМОШ ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА И ПРАВОТО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЕУ

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општа цел
Општата цел на оваа задача е помагање на управувањето и координирањето на процесот на преговарање на Поглавје 19 со надградување на вештините и знаењето на државните службеници на МТСЗ и вработените кај социјалните партнери.  .

Конкретни цели
Конкретните цели се зголемување на знаењето на релевантните државни службеници од МТСЗ и вработените кај социјалните партнери и релевантните институции за правото во полето на социјална политика и вработување, како и помош во подготовката на целосно применлива, детална и сеопфатна табела на сообразност во областите што ги покрива Поглавје 19.

Главните активности во оваа задача можат да се категоризираат во три фази:

1. Почетна фаза
Активност 1: Почетен состанок
Почетниот  состанок ќе се одржи на почетокот на проектот за да се дискутираат активностите на проектот и методологијата. На состанокот ќе учествуваат претставници од СКЕУ, Генералниот секретаријат за европски прашања (ГСЕП), Делегацијата на ЕУ во Турција (ДЕУ) и Одделението за централни финансии и договори.
Консултантот, во консултација со МТСЗ, ќе изготви почетен извештај во рок од две недели по датумот на потпишување на договорот за проектот. Почетниот извештај треба да содржи: Детален план за обуки со методологија; Распоред за работа со оглед на работните задачи на персоналот што ќе учествува на обуките; Методологија за како да се подготви табела за усогласување на законски одредби

2. Фаза на имплементација
За време на оваа фаза, мисијата ќе обезбеди обуки и ќе подготви табела за усогласување на законските одредби.

Активност 1: Обуки поврзани со правото на ЕУ
Во оваа фаза ќе се одржат обуки за правото на ЕУ, политиките и практиките од областа на социјалната политика и вработувањето. Се очекува обуките да се одржуваат во две групи, секоја од по 20 луѓе. Обуката за секоја група ќе трае по 15 дена.

Активност 2: Подготовка на табела за согласување на правните одредби
Тимот ќе го истражи целото турско законодавство како и целото поврзано право на ЕУ и ќе подготви сеопфатна табела за усогласување за споредба на нивото на усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ. Се очекува, без оглед на моменталната состојба на усогласувањето, табелата треба да се повикува на целото поврзано право на ЕУ, односно, дури и актите и одредбите што се веќе усогласени ќе бидат покриени со оваа табела за согласување.

3. Завршна фаза
За време на оваа фаза, што ќе трае до крајот на задачата, мисијата ќе ги хармонизира студиите и ќе го подготви крајниот извештај заедно со табелата за согласување на правните одредби пред да го организира завршниот состанок.

Завршен состанок
На крајот на задачата ќе се организира завршен состанок. На овој состанок ќе  им се презентира табелата за согласување на учесниците и ќе се дискутира работата што треба да се изврши за усвојување на правото од ова поле. Се очекува состанокот кој ќе трае половина ден да се одржи во просториите на министерството и да присуствуваат 50 учесници.

 

ВИД НА УСЛУГА

Главниот резултат на тимот ќе биде:
 
1. Почетен извештај што ќе вклучува детален преглед на почетните впечатоци и детален план за работа кој ќе се примени во задачата.

2. Почетен состанок во просториите на МТСЗ со околу 15 учесници од целните институции.

3. За секоја обука целосен пакет на материјали за обуката (на англиски јазик), што ќе вклучува:

• План на обуката;
• Целосни материјали со презентации за кои се користени најдобрите практики з презентирање (во формат PowerPoint) за секоја обука;
• Целосен комплет на печатени материјали;
• Целосен комплет на референтни материјали
• Тема на обуката, листа на легислативата вклучително и  сите регулативи, директиви, известувања, одлуки на Советот, одлуки на ЕСП, итн.

4. Одржани обуки согласно со договорениот распоред за спроведување.

5. Доставување на детални извештаи за секоја сесија како анекс на крајниот извештај. Секој извештај за обука треба да содржи:

• Краток опис на спроведувањето на обуката;
• Проценка на обуката од страна на учесниците (врз основа на форматот обезбеден од СКЕУ за време на почетната фаза);
• Проценка на обуката од страна на експертот;
• Целосен список на учесници со нагласување на тие што добиле сертификати (врз основа на форматот обезбеден од СКЕУ за време на почетната фаза)

6. Табела за согласување на правните одредби која ќе го покрива целото право на ЕУ во полето на социјална политика и поглавјето за вработување и соодветното турско право.

7. Завршен извештај што ја опишува и оценува имплементацијата на целата задача и препораките со приложени извештаи од обуките, материјали од обуките и табела за согласување на правните одредби од почетокот до крајот на задачата.

8. Завршен состанок со околу 50 учесници од засегнатите институции кои ќе учествуваат во процесот на преговарање

9. 10 копии и 10 компакт дискови со таблеата за согласување на правото од кои 7 ќе бидат наменети за МТСЗ, 1 за ГСЕП, 1 за ОЦФД и 1 за ДЕУ.