• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Република Македонија 638.660 80 раб.ден Европска Комисија; Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство EU, IPA Programme 2008 20.07.2010 - 20.10.2011 ДОСТАПНО НА БАРАЊЕ

УСВОЈУВАЊЕ И ПРИМЕНА НА ЕВРОПСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО ЗА ЗАЕДНИЧКАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПОЛИТИКА (ЗЗП), А ОСОБЕНО ЗА ОСНОВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКА ПАЗАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (ЗПО)

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Општата цел на проектот е да придонесе за развојот на земјоделскиот сектор во земјата.
Целта на овој договор е да обезбеди техничка поддршка за МЗШВ и АФПЗРР за да се зајакнат националните и регионалните способности коишто се потребни за справување со усогласувањето на реформите од ЕУ и реформите ориентирани кон пазарот  како и развојот во секторот, фокусирајќи се на усвојувањето и спроведувањето на европското законодавство за ЗЗП, поврзано со ЗПО, и особено спроведување на усвоеното законодавство.

Специфични цели

Активностите на проектот може накратко да се објаснат како помош на развојот на вештините и знаењето на вработените во МЗШВ и АФПЗРР коишто се вклучени во процесот на усвојување и спроведување на европското законодавство поврзано со ЗЗП, а особено воспоставување на ЗПО.

  • Усогласување на националното законодавство со европското во областа на ЗПО. Проектот обезбеди техничка помош за МЗШВ (Секторот за ЕУ, Секторот за правни работи и други технички сектори) за да обезбеди висок квалитет на проценката на правото поврзано со ЗПО, како и потребното усогласување со релевантното европско право.
  • Реорганизирање на Секторот за земјоделство и други поврзани сектори при МЗШВ (Сектор за анализа на земјоделска политика) проектот ја разгледа постојната организациска структура на Секторот за земјоделство во МЗШВ во однос на управувањето со ЗПО и на Секторот за анализа за земјоделска политика во однос на известувањето за ЗПО, даде препораки за евентуално потребната реорганизација и потоа осмисли и одржа обуки соодветни на реорганизираната структура.
  • Извршување на секторска економска анализа што ќе послужи како основа за развивање на политика : проектот треба да обезбеди поддршка за МЗШВ за елаборирање на земјоделската економска анализа и известување за одлуки за: одлуки за политики и барања за редовни земјоделски извештаи за житарки, ориз, млеко, свинско месо, говедско месо, живина, јајца, зеленчук, овошје, вино, компири и развој на фарми.
  • Воспоставување на компетентна административна структура којашто ќе може да се справи со задачите што произлегуваат од процесот на интеграција во ЕУ.

Агенцијата ИПАРД е способна да управува и контролира со земјоделските фондови назначени за директни плаќања за мерки од руралниот развој, групи на производители и организации на производители во контекст на пазарни мерки и директни плаќања (Столб 1).

 

ВИД НА УСЛУГА

Консултантот ги изврши следните активности:

1. Поддршка за МЗШВ за да се обезбеди висок квалитет и усогласување на усвоените/изменетите акти од релевантното законодавство од ЕУ, како и обезбедување на консултации со сите релевантни учесници во процесот. Оваа поддршка треба особено да се сконцентрира на следново:

  • Потребното понатамошно усогласување на веќе усвоените правни акти поврзани со ЗПО и измените согласно со новите закони.
  • Идентификација, подготовка и спроведување на дополнителни правни акти поврзани со ЗПО, вклучително и дополнителните документи, и
  • Идентификување на нови производи и нивно воведување во националната правна рамка за ЗПО

2. Изведување на анализа на оперативната структура институционалната поставеност за управување со  ЗПО во Секторот за земјоделство во МЗШВ, во Секторот за анализа на земјоделска политика во МЗШВ во однос на известувањето во врска со ЗПО, и во Државниот земјоделски инспекторат во однос на контролата, и беа дадени препораки за реорганизирањето што се сметаше за потребно.

3. Обезбедување на поддршка за МЗШВ при унапредувањето на капацитетот за вршење на секторски економски анализи што потоа ќе се користат како основа за развој на политика.

4. извршена проценка на потребите за обука , а потоа и изработен и спроведен  план за обука  со конкретна референца на IPARD