• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија N/A A: 6 раб. ден B: N/A SECO (Secrétariat d’Etat à l’économie) Switzerland SECO (Secrétariat d’Etat à l’économie) Switzerland 01.04.2010 - 01.06.2010 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

МИСИЈА ЗА ПРОЦЕНКА НА ПРОЕКТОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РЕЧНОТО КОРИТО НА БРЕГАЛНИЦА

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели 
Мисијата за проценка ќе ги утврди сите потребни информации за раководството на SECO по што тие ќе можат да донесат конечна одлука за финансирање на проектот. Извештајот од проценката воедно ќе служи како основа во преговорите со македонската влада за проектот „Управување со речното корито на Брегалница“, но и за дефинирање на важните елементи за проектните задачи за консултантите кои ќе го имплементираат. Тоа значи дека резултатите од извештајот за проценка даваат јасна слика за тоа колку ќе треба да придонесат шведската и македонската влада за успешна имплементација на проектот. Резултатите ќе бидат прикажани на начин на кој ќе можат директно да се употребат при преговорите. Особено ќе биде нагласено која одлука треба да ја донесе кое тело во кој период од имплементацијата на проектот. Извештајот исто така јасно ќе ги дефинира улогите и одговорностите на сите клучни учесници како SECO, Министерството за животна средина и просторно планирање, локалните власти и други.

Специфични цели
За да се постигне општата цел, Мисијата за проценка треба да ги исполни следните цели:

  1. Преглед на техничкиот концепт за воспоставување и функционирање на телата за управување со речното корито и фондот за индивудиални проекти за хидро инфраструктура во речното корито.
  2. Верификација и прилагодување на проектните трошоци со цел одредување на буџетот. 
    Подготовка на проектната организациона структура вклучувајќи ги клучните учесници и дефинирање на принципите на соработка за време на имплементацијата.
  3. Предлог пристап за ефективно учество во дијалогот за политиката на работење во секторот.
  4.  Предлог соработка со други активности на полето на управување со речно корито.

Опсегот на работа на консултантот, меѓу другото, вклучи експертска анализа, заклучоци и препораки на следните теми:

  1. Техничка проценка: Постојните документи (технички документи, документи за ризиците, корисниците, резултатите, итн. Со релевантна проценка) беа анализирани, идентификувани беа дополнителните анализи и документи, вклучувајќи и временска рамка за проектот;
  2. Правна и институционална проценка: Беа анализирани правните документи (закони, договори, ЕУ директиви) и институционалните аспекти, а беше предложена и соодветна организација на телото за управување со речното корито;
  3. Проценка на инвестициониот фонд за инфраструктура на речното корито: Преглед на предложените механизми за финансирање и имплементација (од Дополнувањето: Извештај за истражување на финансиите) за индивидуални хидро-инфраструктурни проекти и новите предложени механизми; администрација на фондот.
  4.  Анализа на буџетот и постапката за набавки: Проценка на проектните трошоци и буџет, фази на набавки и предложени процедури за набавка.
  5. Предлог организација на проектот: Предлог за организационата структура на проектот, принципи на соработка за време на имплементацијата, земајќи го предвид инволвирањето на сите клучни фактори.
  6. Физибилити анализа на политичкиот дијалог: Даден е предлог за како да се започне со дијалог за политиката на работење на секторот за интегрирано управување со води на локално и државно ниво.
  7. Изработен е нацрт за важните елементи за техничка помош за консултантите имплементатори: Предложени се важни елементи за Техничка помош за консултантски услуги кои ќе се вршат за време на имплементацијата на проектот.

Други активности:

  1. Собирање податоци за подготвување на мисијата на тимот во Македонија,
  2. Учество во организацијата на мисијата на тимот во Македонија,
  3. Учество во мисијата на тимот во Македонија,
  4. Собирање податоци и проценка за времетраењето на проектот,
  5. Помош на членовите на тимот кога ќе постои потреба од локални познавања на аспектите за управување со водите.