• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

ГПМ КОНСАЛТИНГ УСПЕШНО ГО ИМПЛЕМЕНТИРА ПРОЕКТОТ „ПОДРШКА ЗА ПРОЦЕНКАТА НА ПОВИКОТ ЗА ПРЕДЛОЗИ“ ЛОТ 2

На ГПМ Консалтинг, во соработка со меѓународен партнер, му беше доделен нов проект во Црна Гора, „Поддршка за проценката на Повикот за предлози“.  Во рамките на Инструментот за предпристапна помош (ИПА), Европската унија преку Делегацијата во Црна Гора обезбеди помош на Владата на Црна Гора и на општините во сите области од реформата на локалната власт, а особено при проценка на проекти од областа на инфраструктурата. Тимот од двајца проценувачи добиваше поддршка од локален оценувач , којшто пак имаше конкретна задача да изврши оцена на некои од придружните документи коишто се поднесуваа на локалниот јазик.