• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

КАКО ПОЛНОПРАВЕН ЧЛЕН НА КОНОЗОРЦИУМ ГПМ КОНСАЛТИНГ УЧЕСТВУВАЈКИ СО СВОЈ ЕКСПЕРТ ЗАПОЧНА СО ИМЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТ ВО ТУРЦИЈА КАДЕ КАКО КОРИСНИК СЕ ЈАВУВА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА. ПРОЕКТОТ Е ВО РАМКИТЕ НА ЛОТ 9 ОД БЕНЕФ ПРОГРАМАТА НА ЕК.

Како полноправен член на конозорциум ГПМ Консалтинг учествувајки со свој експерт започна со имлементација на проект во Турција каде како корисник се јавува Министерството за труд и социјална заштита. Проектот е во рамките на Лот 9 од БЕНЕф програмата на ЕК.

Конкретните цели се зголемување на знаењето на релевантните државни службеници од МТСЗ и вработените кај социјалните партнери и релевантните институции за правото во полето на социјална политика и вработување, како и помош во подготовката на целосно применлива, детална и сеопфатна табела на сообразност во областите што ги покрива Поглавје 19.

Во рок од две недели експертскиот тим ќе изготви почетен извештајкој ќе содржи: Детален план за обуки со методологија; Распоред за работа со оглед на работните задачи на персоналот што ќе учествува на обуките; Методологија за тоа како треба да се подготви табела за усогласување на законски одредби.

Фазата на имплементација опфаќа обуки поврзани со правото на ЕУ, политиките и практиките од областа на социјалната политика и вработувањето. Тимот составен од 3 експерти во текот на 5 месеци ќе го истражи комплетното турско законодавство како и целото право на ЕУ кое е поврзано со целите на проектот и ќе подготви сеопфатна табела за усогласување за споредба на нивото на усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ.

Во својата завршна фаза мисијата ќе ги усогласи студиите и ќе го подготви крајниот извештај заедно со табелата за согласување на правните одредби пред да го организира завршниот состанок на кој се презентира табелата за согласување на учесниците и ќе се дискутира работата што треба да се изврши за усвојување на правото од ова поле.