• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

ГПМ КОНСАЛТИНГ, КАКО ПАРТНЕР ВО МЕЃУНАРОДЕН КОНЗОРЦИУМ, УСПЕШНО ГО ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ: ИПА – УСВОЈУВАЊЕ И ПРИМЕНА НА ЕВРОПСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО ЗА ЗАЕДНИЧКАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПОЛИТИКА, А ОСОБЕНО ЗА ОСНОВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКОТО УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРИТЕ

ГПМ Консалтинг како партнер во високо реномиран меѓународен конзорциум, успешно го заврши проектот: „Усвојување и примена на европското законодавство за заедничката земјоделска политика, а особено за основање на заедничкото уредување на пазарите“  - проект финансиран од Европската Унија.

Официјалната церемонија за затворање на проектот се одржа на 14.12.2011, на која поздравен говор одржа Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Љупчо  Димовски, како и високиот претставник на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, г-дин Дитер Тил.

Целта на овој договор е да обезбеди техничка поддршка за МЗШВ и АФПЗРР за зајакнување на националните и регионалните капацитети, коишто се потребни за достигнување на приоритетите за усогласување со ЕУ и пазарно- ориентираните реформи,  како и развој на секторот. Овој проект се фокусира на усвојувањето и спроведувањето на европското законодавство за ЗЗП, поврзано со ЗУП, и особено спроведување на усвоеното законодавство, преку основање на неопходни системи за собирање на информации и за известување, како и зајакнување на сите релевантни институции со цел соодветно креирање, спроведување, контрола, следење и проценка на влијанието на политиките на ЗУП