• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

ГПМ КОНСАЛТИНГ ОРГАНИЗИРАШЕ НАСТАН ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ВОДОСНАБДУВАЊЕ НА ОПШТИНА ГОСТИВАР

Швајцарски секретаријат за економски работи (SECO) и општина Гостивар обезбедија 2.4 милиони швајцарски франци за подобрување на системот за водоснабдување на градот Гостивар и 8 околни села. ГПМ Консалтинг организираше промотивен настан кој се случи на 12.6.2014 година во просториите на општина Гостивар за да се презентира проектот пред граѓаните на Гостивар и да се информираат за  долгорочните придобивки кои проектот ќе ги овозможи. Времетраењето на овој проект е од септември 2013 до мај 2015 година.