• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

ГПМ КОНСАЛТИНГ КАКО ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДЕН КОНЗОРЦИУМ УСПЕШНО ГО РЕАЛИЗИРА ДОГОВОРОТ СО ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ЦАРИНСКИ ДЕКЛАРАЦИИ И АКЦИЗНИ ДОКУМЕНТИ (СОЦДАД)

 

ГПМ Консалтинг како партнер во конзорциумот „INTRASOFT International - ГПМ Консалтинг“ успешно ја заврши имплементацијата на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) со Царинска управа на Република Македонија.

Решението за СОДЦАД, во рамките на царинските и акцизните постапки, обезбедува: управување со царински декларации и акцизни документи, контрола на движења на акцизни стоки, електронска размена на пораки, ефикасност во спроведување на контролите околу наплатени и вратени царински давачки, акцизи, такси и други давачки, забрзан проток на стока, подобрување на безбедноста на синџирот на снабдување, согласно со иницијативата на СЦО и согласно стандардите за членство во ЕУ, размена на податоци помеѓу цариските органи со економските оператори, како и со другите владини институции.

СОЦДАД ги содржи следните системи: Систем за електронска размена на податоци, Транзит, Увоз, Систем за контрола на увоз, Извоз, Систем за контрола на извоз, Систем за контрола на движења на акцизни стоки, Систем за контрола на акцизни документи, како и потребните под-системи.