Име на правен субјект |
Земја |
Вкупна вредност на проектот (ЕУР) |
Број на персонал |
Име на клиент |
Извор на финансирање |
Датум (почеток/ крај) |
Име на партнери доколку има |
ГПМ Консалтинг |
Р. Македонија и Р.Албанија |
22.750 EUR |
A : 30 раб. ден , B: 2 |
Германска федерална канцеларија за земјоделство и храна (BLE) |
Германска влада |
10.12.2015 - 18.2.2016 |
AFC Public Services GmbH |
СТУДИЈА ЗА ПАЗАРИТЕ НА ЖИВИНА И ПРОИЗВОДИ ОД ЖИВИНА ВО АЛБАНИЈА И МАКЕДОНИЈА
Детален опис на проект
Општи цели
Малите и средните претпријатија немаат средства за истражување на пазарите во развој што честопати води и до неискористување на нивните потенцијали. Студијата има за цел да ги оцени предизвиците и можностите на Германските живинарски претпријатија, како и да понуди точни и практични информации и совети за поврзување со увозници од Албанија и Македонија.
Специфични цели
1. Обезбедување на увид во консумацијата на живина во Албанија и Македонија
2. Појаснување на прехранбените навики на живина во Албанија и Македонија (цели / делови, преработени производи)
3. Појаснување на преференците на потрошувачите во Албанија и Македонија
4. Опис на албанскиот и македонскиот пазар на живина сегментиран според видот (развој, производство, колење, побарувачка и понуда и комерцијални / маркетинг канали)
5. Опис на албанскиот и македонскиот пазар на живина сегментиран според различните видови на пазарни сегменти кои вклучуваат: свежа, замрзната и живински проиводи.
6. Да обезбеди податоци за движењето на цените на живината во Албанија и Македонија (цени на производителите, цени на големо и мало, споредба со цените на производите од увоз)
7. Да обезбеди статистички податоци за живината и проиводите од живина поделени според тарифни броеви и земји на потекло
8. Да се опишат извозните/увозните процедури за живина и преработки од живина, царински давачки / квоти и ризици (валутни ризици)
Вид на услуга
Консултантот ќе ги обезбеди следните услуги:
- Појаснување на достапните податоците и информациите
- Собирање на податоци
- Анализа на податоци
- Валидација на податоци
- Евалуација; Анализа на потенцијалите за извоз на германски производи
- Обезбедување на административна помош