• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Членки на CEFTA 12.000 A : / Б :2 Секретаријат на CEFTA Секретаријат на CEFTA 01.6.2018 - 30.11.2018 НЕМА

ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА БАЗА НА ПОДАТОЦИ ЗА РЕГУЛАТОРИ ВО СЕКТОРИТЕ ЗА УСЛУГИ ВО МАКЕДОНИЈА


Детален опис на проект

Глобална цел:
Цел на задачата е да се даде обезбеди асистенција на CEFTA во поддршка на либерализацијата на трговијата со услуги помеѓу членките на CEFTA со овозможување на механизам за надзор на имплементацијата на Дополнителниот Протокол 6 на CEFTA.

Цел:
Целта на овој проект е воспоставување на детална база на податоци за регулаторите во избраните сектори за услуги во Македонија, на тој начин обезбедувајќи клучен збир на информации за пресметување на индексите на ограничување на трговијата со услуги.

Резултатите кои изведувачот треба да ги постигне се детални податоци за законодавството и мерките на работење во избраните сектори за услуги базирани на прашалници обезбедени од Секретаријатот на CEFTA.


Вид на услуга

Консултантот има задача да собере одговори според деталниот прашалника од избраните сектори за услуги.
Ова исто така вклучува и документирање на одговорите и давање референца за релевантните закони, регулативи или политики на работење. Законодавните акти треба да се консултираат со цел да се добијат одговорите. Воедно треба да се обезбеди превод од оригинал на англиски јазик онаму каде е потребно. Прашалникот е даден од Секретаријатот на CEFTA.
Внесувањето на одговорите на прашалникот ќе се врши преку интернет формулар. Секторите за услуги за кои е потребно да се изврши скрининг на легислативата се: финансиски услуги (вклучувајќи ги под секторите за банкарство и осигурување), телекомуникации ( вклучувајќи ги под секторите за фиксни, мобилни и интернет услуги), дистрибуција (малопродажба и големопродажба), транспорт (вклучувајќи воздушен, патен, железнички и бродски под сектори) и професионални услуги (сметководство, ревизија, правни, инженерски и архитектонски), градежни услуги и компјутерски и ИКТ сродни услуги. Собирањето податоци е задача само на Консултантот. За оваа задача не се предвидени консултации на контакт лицата за CEFTA или релевантните министерства преку канали на CEFTA.