• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг CEFTA членки 49.900 ЕУР 2 Секретаријат на CEFTA Секретаријат на CEFTA 21.11.2018 - 14.6.2019 Нема

Општа  цел

Да се олесни процесот на воспоставување регулаторен дијалог за понатамошен развој на електронската трговија во регионот на CEFTA  во согласност со законодавството и политиките на работење на ЕУ

Цел

Изготвување на детален извештај за трговскиот режим, законодавството и мерките за политики на работење во секторот за електронска трговија за секоја членка на CEFTA но и  преку гранична соработка

Целта на проектот е да се овозможи асистенција на Под - комитетот на CEFTA за трговија со услуги во имплементацијата на Договорот на CEFTA преку олеснување на почетокот на дијалогот меѓу регулаторите за подобрување на секторот за електронска трговија помеѓу членките на CEFTA, во согласност со законодавството и политиките на работење на ЕУ.

Специфичните задачи на експертите се:
- да ги идентификуваат сите бариери на електронската трговија и да го оценат влијанието на електронската трговија врз глобалната трговија.
- да ги проценат можностите за отпочнување на дијалог за регулаторни прашања за да се разговара за широк спектар прашања, со цел да се олесни прекуграничната електронска трговија во земјите на CEFTA.
- да ја проценат можноста за регионални активности насочени кон зголемување на довербата на граѓаните во онлајн услуги (плаќање и сл.) и координација на ознаките за доверба (Повластени потрошувачи);
- да ги проценат можностите за утврдување на признавање на сертификати за електронски потпис и олеснување на услугите за прекугранична сертификација;
- да ги проценат можностите за третман на несакани електронски комерцијални комуникации.
- да ја анализираат заштита на потрошувачите во сферата на електронската трговија.
- да ги идентификуваат сите други прашања релевантни за развивање на електронската трговија.
- да дадат препораки и следни чекори на национално и регионално ниво