• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Земји на Западен Балкан и Турција 98.835 4 Пангеа сцц Генерален Директорат Заеднички центар за истражување (DG JRC) 24.9.2018 - 31.8.2019 Нема

Целта на овој проект е да се разгледаат факторите кои влијаат врз учеството на фармерите во современите синџири на снабдување и договорните аранжмани што се применуваат меѓу фармерите и преработувачите / трговците за да се обезбеди снабдување со квалитетна храна што му е потребна на пазарот. Ова ќе овозможи подобро разбирање на социо - економската состојба на земјоделскиот сектор, како и ограничувањата што го попречуваат неговиот раст.
Понатаму, проектот има за цел да даде увид за подобрување на ефективноста и ефикасноста на усвоените политики и на тој начин да обезбеди научно базирана поддршка за креирање политики. Поопсежното познавање на пристапот на фармите до современите синџири на снабдување ќе овозможи подобро таргетирање на националните шеми за поддршка и пред пристапната помош за ИПАРД.
Специфичните цели кои треба да ги исполнат истражувањето и анализата што ја врши изведувачот се:
-Анализа на структурата на пазарот;
- Разбирање на учеството на фармерите во различни релации за продажба, на пр. модерни канали наспроти неформални (традиционални) канали;
- Склучени договори за учество во канали за продажба;
- Улогата на задругите и организациите на производители во утврдувањето на учеството на фармерите во современите канали за продажба;
-Улогата на стандардите за храна и квалитетот на храна во одредувањето на учеството на фармерите во современите синџири на снабдување;
-Употребата на стандарди, сертификација и етикетирање за да се обезбеди квалитет на храната и давање информации за атрибутите на храна на потрошувачите;
-Улогата на земјоделската политика во поддршката на стандардите за квалитет и влегувањето на фармерите на нови пазари;
-Кои земјоделците се исклучени од модерните синџири на снабдување;
-Детални договори помеѓу фармерите и преработувачите / трговците на мало се кои се применуваат за спроведување на стандардите за квалитет на храна

Земјите кои се опфатени со овој проект се Албанија, Босна и Херцеговина, Република Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција. Истражувањето вклучувава земјоделци кои работат во сектори кои се релевантни за руралниот развој во земјите од Западен Балкан (на пример, овоштарници, фарми за млеко).
Целна група на истражувањето се фармите кои произведуваат избрани производи (на пример, овошје, млеко). Изведувачот предложи стратегија за земање мостри која обезбедува репрезентативен примерок од целните групи. Репрезентативноста мора да се базира на информации кои Изведувачот може да ги добие однапред врз карактеристиките на земјоделскиот сектор во регионите, како што се, на пример, типот на фарма (семејни фарми, корпоративни фарми итн.), земјоделска разновидност (големина на фарми, земјоделски практики итн.), присуство на организации / кооперативи на производителите или други карактеристики релевантни за земјите од Западен Балкан.

Стратегијата на изведувачот за постигнување на конечниот број на интервјуирани земјоделци мора да се организира во три фази:
• Прво, дефинирање на стратегија за идентификување и контактирање на потенцијалните фармери кои треба да бидат вклучени во истражувањето.
• Второ, пилот-анкета на најмалку 5% од вкупниот примерок на земјоделците за да го тестира прашалникот.
• Трето, финалното истражување за останатите 95% од вкупниот примерок на земјоделците со прашалник претходно тестиран за време на пилот-анкетата.
• Конечниот број на анкетирани фарми кои одговориле на прашалникот мора да биде најмалку 210 фарми за една земја, за вкупен број од најмалку 1500 опфатени фарми, вклучувајќи го и пилотот.

Изведувачот исто така мора да собира информации за структурата на проучуваните синџири на исхрана во анкетираните земји. Овие информации мора да бидат собрани од секундарни извори како што се статистички извештаи, документи за политики или друга литература.