Име на правен субјект |
Земја |
Вкупна вредност на проектот (ЕУР) |
Број на персонал |
Име на клиент |
Извор на финансирање |
Датум (почеток/ крај) |
Име на партнери доколку има |
ГПМ Консалтинг |
Република Македонија |
158 600 |
1 |
Европска Комисија |
ЕУ |
09.12.2010 - 01.10.2011 |
ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ |
ТЕМАТСКА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОДДРШКАТА ЗА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (АЛБАНИЈА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, ХРВАТСКА, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, КОСОВО СПОРЕД UNSCR 1244, ЦРНА ГОРА И СРБИЈА) И ТУРЦИЈА
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ
Општи цели
Да обезбеди наоди и препораки кои ќе му помогнат на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија (DG ELARG) во програмирањето и имплементацијата на претпристапната помош од ЕУ наменета за поддршка на граѓанското општество во земјите кандидати и потенцијални кандидати а со цел подобрување на инструментите кои најдобро ќе одговорат на целите на политиката и ќе ги подобрат резултатите од финансиската помош
Евалуацијата исто така ќе ги оцени резултатите од финансиската помош во постигнувањето на нејзините цели, имено нејзината релевантност, ефикасност, ефективност, влијание и одржливост
Со евалуацијата ќе биде опфатена финансиската помош наменета за поддршка на граѓанското општество од CARDS 2005-2006, PHARE 2005-06, Турскиот претпристапен инструмент 2005 – 2006 и IPA 2007-09 .
Специфични цели
- Да се оцени логиката на интервенции на помошта од ЕУ наменета за поддршка на граѓанското општество во Западниот Балкан и Турција
- Да се обезбеди оценка на реализацијата (фактичка или очекувана) на помошта, со посебен осврт на нејзината релевантност, ефикасност, ефективност, влијание и одржливост.
- Врз основа на релевантните наоди, заклучоци и извлечени поуки од точките 1) и 2), да обезбеди релевантни оперативни препораки за: (а) програмирањето на помошта од ЕУ во иднина и (б) каде е можно, да посочи корективни мерки за подобрување на имплементацијата и набљудувањето на тековните активности.
ВИД НА УСЛУГА
Во врска со конкретната цел 1, со евалуацијата ќе се процени логиката на интервенции применета во националните програми IPA 2007-09 и IPA мулти корисничките програми од Компонента I. Евалуаторите ќе обезбедат релевантни наоди, заклучоци и извлечени поуки како и (според конкретната цел 3 ) оперативни препораки за подобрување на идната помош за граѓанското општество. Ова ќе вклучи изготвување на препораки и конкретни предлози за дефинирање на целите и поврзаните SMART индикатори за да се олесни мерењето на реализацијата и креирањето на идна поддршка за цивилното општество.
Во врска со конкретната цел 2, евалуацијата ќе ја опфати предпристапната финансиска помош од ЕУ за граѓанското општество од IPA 2007-2009 и последните две години (2005 – 2006) од IPA предпристапната помош за Западниот Балкан и Турција. Евалуаторите ќе ја оценат релевантноста, ефикасноста, ефективноста, влијанието и одржливоста на финансиската помош. Според конкретната цел 3 евалуацијата ќе обезбеди релевантни препораки за подобрување на реализацијата на конкретната помош онаму каде што е соодветно. Ова ќе вклучи (онаму каде што тоа е применливо) и презентирање на корективни мерки за начинот на кој помошта се имплементира и надгледува.
Евалуаторот треба да осигура интерна контрола на квалитетот во фазата на имплементација и изработка на извештаи. Пред нацрт извештаите да бидат пратени до засегнатите страни , контролата на квалитетот треба да осигури дека истите се во согласност со погоре наведените барања и одговараат на соодветните стандарди на квалитет. Контролата на квалитетот треба да осигури конзистентност и кохерентност помеѓу наодите, заклучоците и препораките. Конечно, треба да осигури дека наведените наоди се соодветно поткрепени и дека заклучоците се поддржани од релевантни критериуми за проценка.