• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Република Македонија 158 600 1 Европска Комисија ЕУ 09.12.2010 - 01.10.2011 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

ТЕМАТСКА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОДДРШКАТА ЗА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (АЛБАНИЈА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, ХРВАТСКА, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, КОСОВО СПОРЕД UNSCR 1244, ЦРНА ГОРА И СРБИЈА) И ТУРЦИЈА

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели
Да обезбеди наоди и препораки кои ќе му помогнат на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија (DG ELARG) во програмирањето и имплементацијата на претпристапната помош од ЕУ наменета за поддршка на граѓанското општество во земјите кандидати и потенцијални кандидати а со цел подобрување на инструментите кои најдобро ќе одговорат на целите на политиката и ќе ги подобрат резултатите од финансиската помош

Евалуацијата исто така ќе ги оцени резултатите од финансиската помош во постигнувањето на нејзините цели, имено нејзината релевантност, ефикасност, ефективност, влијание и одржливост

Со евалуацијата ќе биде опфатена финансиската помош наменета за поддршка на граѓанското општество од CARDS 2005-2006, PHARE 2005-06, Турскиот претпристапен инструмент 2005 – 2006 и IPA 2007-09 .

Специфични цели

  • Да се оцени логиката на интервенции на помошта од ЕУ наменета за поддршка на граѓанското општество во Западниот Балкан и Турција 
  • Да се обезбеди оценка на реализацијата (фактичка или очекувана) на помошта, со посебен осврт на нејзината релевантност, ефикасност, ефективност, влијание и одржливост. 
  • Врз основа на релевантните наоди, заклучоци и извлечени поуки од точките 1) и 2), да обезбеди релевантни оперативни препораки за: (а) програмирањето на помошта од ЕУ во иднина и (б) каде е можно, да посочи корективни мерки за подобрување на имплементацијата и набљудувањето на тековните активности.

 

ВИД НА УСЛУГА

Во врска со конкретната цел 1,  со евалуацијата  ќе  се  процени  логиката на интервенции применета во националните програми IPA 2007-09 и IPA мулти корисничките програми од Компонента I. Евалуаторите ќе обезбедат релевантни наоди, заклучоци и извлечени поуки како и (според конкретната цел 3 ) оперативни препораки за подобрување на идната помош за граѓанското општество. Ова ќе вклучи изготвување на препораки и конкретни предлози за дефинирање на целите и поврзаните  SMART индикатори за да се олесни мерењето на реализацијата и креирањето на идна поддршка за цивилното општество.

Во врска со конкретната цел  2, евалуацијата  ќе ја опфати  предпристапната  финансиска  помош од  ЕУ   за  граѓанското  општество  од  IPA 2007-2009 и последните две години (2005 – 2006) од IPA предпристапната помош за Западниот Балкан и Турција. Евалуаторите ќе ја оценат релевантноста, ефикасноста, ефективноста, влијанието и одржливоста на финансиската помош. Според конкретната цел 3 евалуацијата ќе обезбеди релевантни препораки за подобрување на реализацијата на конкретната помош онаму каде што е соодветно. Ова ќе вклучи (онаму каде што тоа е применливо) и презентирање на корективни мерки за начинот на кој помошта се имплементира и надгледува.

Евалуаторот треба да осигура интерна контрола на квалитетот во фазата на имплементација и изработка на извештаи. Пред нацрт извештаите да бидат пратени до засегнатите страни , контролата на квалитетот треба да осигури дека истите се во согласност со погоре наведените барања и одговараат на соодветните стандарди на квалитет. Контролата на квалитетот треба да осигури конзистентност и кохерентност помеѓу наодите, заклучоците и препораките. Конечно, треба да осигури дека наведените наоди се соодветно поткрепени и дека заклучоците се поддржани од релевантни критериуми за проценка.