• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Црна Гора N/A A: 12 раб. ден B: 20% ЕК ЕУ 06.10.2010 - 02.12.2010 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

ПОДДРШКА ЗА ПРОЦЕНКАТА НА ПОВИКОТ ЗА ПРЕДЛОЗИ

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели
Да се обезбедат соодветни услови за проценка на повикот за предлози преку обезбедување на потребната техничка помош на Делегацијата на Европската Унија во Црна Гора во процесот на евалуација.

Специфични цели
Да му се помогне на Комисијата за проценка при оценувањето на предлозите примени по повикот за предлози.

Потребните резултати од задачата се следните:

  • Потпишани декларации за објективност и доверливост
  • Соодветно пополнети (и потпишани) табели за административна сообразност и табели за проценка.
  • Записници од состаноците помеѓу оценувачите и помеѓу оценувачите и членовите на Комисијата за проценка.
  • Независни извештаи од оценувачите.

 

ВИД НА УСЛУГА

Експертите беа поканети од страна на Делегацијата на Европската Унија во Црна Гора за да дејствуваат како оценувачи и независни проценувачи за време на сите процени на апликации. Проценувачите придонесуваа за административните, техничките и финансиските процени на примените апликации.

Експертите 1 и 2 се проценувачи и членови на комитетот за проценка со право на глас. Експертот 3 ќе биде само оценувач и ќе обезбедува техничка поддршка за комитетот за проценка без право на глас. На експертот 3 дадена му е конкретна задача да изврши оцена на некои од придружните документи коишто ќе се поднесуваат на локалниот јазик.

Консултантот ги изврши следните задачи:

  1. Проценувачите учествуваа на информативни средби и состаноци на Комисијата за проценка и му даваа поддршка на Секретарот на Комисијата за проценка.
  2. Административна проверка и проверка на квалификуваност (чекор 1): Проценувачите ја проценија административната сообразност и квалификуваноста на апликантите заедно со Комисијата за проценка.
  3. Проценка на целата апликација (чекор 2): Проценувачите ги оценија целите апликации со предлози за проекти коишто беа прогласени како прифатени на фер и објективен начин, строго придржувајќи се кон правилата од Практичното упатство за договорни постапки за надворешни дејствија во ЕК  и според табелите за проценка објавени за овој Повик за предлози. Секој предлог беше независно анализиран од секој проценувач. Експертите ги поднесоа нивните извештаи со наоди до Комитетот за проценка за д аму овозможат да донесе објективна и непристрасна одлука.
  4. Проценувачите пополнија и потпишаа детални табели за проценка, коишто се интегрален дел од Извештајот за проценка.
  5. Проценувачите подготвија и независен извештај.