• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 189.560 A: 60 раб.ден B: 35% Генерален секретаријат на Владата на РМ, Министерство за финансии и Агенцијата за државни службеници Светска банка 26.1.2010 - 26.8.2010 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

ЗАЕМ ЗА ПОЛИТИКА НА ПРОГРАМСКИ РАЗВОЈ 2; ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ВРСКИТЕ ПОМЕЃУ ПРОЦЕСИТЕ НА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ, ФОРМУЛИРАЊЕ НА БУЏЕТ, ПРОГРАМИРАЊЕ НА ЈАВНИ ИНВЕСТИЦИИ И УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели
Општа цел на техничката помош е асистенција на ГС/МФ/АДС за развој и имплементација на стратешки процес на поставување приоритети кој предвид ги зема стратешкото планирање и политиките на работење, формулирањето на буџети, управувањето со човечки ресурси и ги поврзува предложените стратегии со постигнатите резултати.

Специфични цели
Задачата е опишана во пет сегменти со намера да се постигнат пет групи на специфични цели. Сепак, работата за време на овие сегменти ќе биде интегрирана и ќе се преклопува. Имајќи предвид дека главна цел на задачата е зајакнување на стратешките раководни капацитети во ГС/МФ/АДС, сите задачи ќе се спроведуваат со релевантниот персонал, како начин на нивна обука со цел да можат да го пренесат нивното знаење до стратешкиот раководен персонал во ресорните министерства.

 

 

ВИД НА УСЛУГА

За време на прегледот и анализата на моменталната ситуација на четири пилот институции, со оваа техничка помош јасно се идентификуваа недостатоците во поврзаноста на стратешкото поставување приоритети и формулирањето на буџетот, стратешкото поставување приоритети и програмирањето на јавни инвестиции, стратешкото поставување приоритети и набљудувањето на резултатите и помеѓу ефективната проценка на буџетските програми и планирањето на човечки ресурси, и врз основа на тие познавања беа препорачани мерки за надминување на тие слабости.

Резултати:

  • Зајакнување на врските помеѓу стратешкото поставување приоритети, формулирањето на буџетот и стратешко управување со човечки ресурси.
  • Ефективна проценка на буџетските програми.
  • Зајакнување на врските помеѓу стратешкото поставување приоритети и анализа на резултатите.
  • Зајакнување на врските помеѓу стратешкото поставување приоритети и програмирањето на јавни инвестиции.
  • Зајакнување на капацитетите за планирање на човечки ресурси во согласност со стратешките и буџетските процеси.
  • Зајакнување на врските помеѓу процесите на стратешко планирање, формулирањето на буџетот, програмите за јавни инвестиции и управувањето со човечки ресурси во јавниот сектор.