Име на правен субјект |
Земја |
Вкупна вредност на проектот (ЕУР) |
Број на персонал |
Име на клиент |
Извор на финансирање |
Датум (почеток/ крај) |
Име на партнери доколку има |
ГПМ Консалтинг |
Косово |
25.690 |
A: 22 раб.ден B: 100% |
Европска комисија, Агенција за приватизација на Косово |
Европска комисија (ЕУ |
01.2.2010 - 02.2.2010 |
БЕЗ ПАРТНЕР |
ПРОЦЕНА НА РАБОТЕЊЕТО НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА КОСОВО (АПК)
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ
Општи цели
Целта на проектот е зајакнување на административните и менаџерски капацитети на Агенцијата за приватизација на Косово (АПК) за финализирање на приватизацијата и продолжувањето на процесот на ликвидација на јавните претпријатија (ЈП).
Специфични цели
Специфична цел на овој проект е проценка на работењето на АПК наспроти целите на приватизирање и ликвидација и мерливите индикатори како што е нагласено во Бизнис планот на АПК 2009 и шемата за доделување бонуси според перформансите.
ВИД НА УСЛУГА
Генерално, услугите вклучуваат:
- Обезбедување на техничка експертиза за проценка на имплементацијата на планот за бонуси базиран на извршување.
Услугите се следниве:
a) Првична проценка
- Запознавање на АПК со условите на оперативниот грант од страна на ЕКВ, особено со Анекс VIII – Опис на планот за бонуси според извршување.
- Вршење на анализа и коментари за воведување на планот за бонуси според извршување во договорите на вработените во АПК и неговата ефективност.
- Анализа на евалуацијата на човечките ресурси на АПК врз основа на извршувањето на индивидуални членови од врвниот и средниот менаџмент во определување на целите за приватизација и ликвидација и индикаторите против планот за бонуси според извршување.
- Проценување на политиката на АПК за човечки ресурси во делот на стимулирање на персоналот за подобро извршување.
- Консултација и информирање на Европската канцеларија за врски и АПК за напредокот со наодите од првичната проценка.
б) Подготвување на Извештајот за проценка
- Врз основа на наодите од првичната проценка, подготвување на извештај за проценка на имплементирањето во АПК на планот за бонуси според извршување и известување на ЕКВ и АПК во врска со правичната распределба на бонусите според извршувањето.
- Комуницира и бара одобрување за нацрт документите подготвени од ЕКВ.
- Заедно со уште еден експерт за рамковни договори работи на проценката на АПК во поглед на евалуацијата на оперативните цели и мерливите индикатори за напредокот на приватизацијата и ликвидацијата.
- Доставува извештај (со препораки) за проценка на имплементацијата на планот за бонуси според извршување во АПК.