Име на правен субјект |
Земја |
Вкупна вредност на проектот (ЕУР) |
Број на персонал |
Име на клиент |
Извор на финансирање |
Датум (почеток/ крај) |
Име на партнери доколку има |
ГПМ Консалтинг |
Хрватска |
26.000 |
A: 30 раб.ден B: 100 % |
Европска агенција за реконструкција, Инвест Македонија, Министерство за економија |
PHARE |
01.1.2008 - 01.9.2008 |
ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ |
ОБЛАСТ НА СОРАБОТКА: СТУДИЈА: АНАЛИЗА НА КОНКУРЕНТНОСТА И ДРЖАВНАТА ПОМОШ ВО СЕКТОРИТЕ ЗА ТЕКСТИЛ И АВТОМОБИЛСКИ ДЕЛОВИ
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ
Општи цели
Општа цел е поддршка на Европската комисија со експертски мислења во однос на тековниот дијалог со хрватската влада во преговорите да стане членка на Европската унија.
Специфични цели
Целта на Рамковниот договор е да се даде краткорочна техничка помош на Европската комисија со цел подобро разбирање на ситуацијата во секторите за текстил и автомобилски делови во Хрватска, со особен акцент на државната помош.
ВИД НА УСЛУГА
Беа комплетирани следните активности:
- Преглед на секторите (број на фирми, вработени, регионална разновидност, главна трговија и конкурентност) вклучувајќи ги (доколку е можно) сопственичките структури и загубите/профитот;
- Јасна табела на мината и сегашна државна помош во секторите;
- Јасна слика на планираната помош (вид на помош и суми);
- Анализа и заклучоци поврзани со индустриската структура, конкурентноста на секторите и планираната помош користејќи ги европските фирми и политики во двата сектори како стандарди.
Резултати и извештаи
- Преглед план со предложена содржина на студијата, презентирана и одобрена од ДЕК дискутирани во првата недела од имплементацијата;
- Нацрт студија презентирана пред ДЕК (на хартија и електронски);
- Финална нацрт студија презентирана пред засегнатите страни во Хрватска овозможувајќи им на сите са поставуваат прашања и даваат коментари;
- Втора нацрт студија презентирана пред ЕК во Брисел;
- Финална нацрт студија презентирана и одобрена од ДЕК.