• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 99.200 A: 40 раб.ден B: 33,3% Европска агенција за реконструкција, Министерство за финансии ЕУ 10.8.2008 - 10.12.2008 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

ПОДДРШКА НА СЛУЖБЕНИКОТ НАДЛЕЖЕН ЗА АКРЕДИТАЦИЈА И НАЦИОНАЛНИОТ КООРДИНАТОР ЗА АВТОРИЗАЦИЈА ВО ФАЗАТА ЗА ОЦЕНКА НА УСОГЛАСЕНОСТА ЗА ДРЖАВНА АКРЕДИТАЦИЈА ВО ПРОЦЕСОТ ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНО УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДПРИСТАПНАТА ПОМОШ ОД ЕУ

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општа цел

Општата цел на задачата е имплементацијата на Фаза 5 од процесот за акредитација преку проценка на сообразноста во име на ЦАО/НАО а за да се обезбеди дека се исполнети предусловите (посебно во однос на  воспоставените контролни и управни системи)  за формална апликација за "акредитација" на Република Македонија.

Специфична цел(и)

2.2.1 Преглед на подготвеноста на структурите за имплементација на помошта под ДИС со претходна контрола за првите четири компоненти и без претходна контрола за петата компонента од акредитацијата на ЦАО.

2.2.2. Преглед на подготвеноста на структурите за имплементација на помошта под ДИС со претходна контрола за првите четири компоненти и без претходна контрола за петата компонента од акредитацијата на НАО.

 

 

ВИД НА УСЛУГА

Консултантот ги изврши следниве активности:

2.4.1.  Извештај за мислењето за подготвеноста на НАО/НФ

Ревизорски извештај и мислење до ЦАО за  контролираните структури (НАО/НФ) и  дополнувањето на имплементирањето на активностите за исправка.

2.4.2.  Извештаи за мислењето за подготвеноста на ОС

За секоја  компонента, ревизорски извештај и мислење до НАО за  контролираните структури (ЦФЦД, МЗ и ИПАРД агенцијата) и  дополнувањето на имплементирањето на активностите за исправка.

2.4.3.  Верификација на целокупноста и точноста на апликацијата за ДИС

Консултантот процени дека апликацијата за пренесување на надлежностите за управување со ИПА фондовите и формално е комплетирана и точна.

Очекуваните резултати вклучуваа исто така и:

- Почетна сесија за информирање на ЦАО, НАО, НФ и ОС во максимален период од три дена од почетокот на задачата за презентирање на самата методологија на задачата;

- Конечен извештај во согласност со точка 5.1;

- Завршно информирање на ЦАО/НАО/НФ за прашањата кои се однесуваат на резултатите и заклучоците со осврт на обезбедување на подобрено функционирање на ИПА системот.