• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 6.839 2 УСАИД Проект за деловно опкружување USAID 10.9.2007 - 10.11.2007 БЕЗ ПАРТНЕР

РАЗВОЈ НА СТРАТЕГИЈА ЗА АУТСОРСИНГ ЗА ВЛАДАТА НА РМ И РЕГУЛАТОРНИТЕ АГЕНЦИИ

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Изработување на детална Стратегија за промоција на аутсорсинг за Владата и регулаторните агенции.


Специфични цели

Идентификување на потребите на Владата, министерствата, како и регулаторните агенци за најмување надворешни експерти и консултантски фирми со цел успешно имплементирање на нивните активности и политики на работење.

Вид на услуга

Беа спроведени следните активности и постигнати следните резултати:

  • Преглед и анализа на постојните закони (примарни и секундарни) кои се однесуваат на аутсорсинг на Владата и нејзините тела  и регулаторни агенции;
  • Состаноци со владините тела и агенции со цел идентификување на претходните искуства и примена на аутсорсинг; 
  • Компаративна анализа на искуствата на земјите од регионот и/или поразвиените земји во соработка со Владата на РМ;.
  • Состаноци со консултантски фирми/консултанти најмени како аутсорсинг, доколку постојат;
  • Препораки:
  1. Подобрување на законите, доколку е потребно;
  2. Придобивки од аутсорсингот;
  3. Области на експертиза за можни аутсорсинг ангажмани;
  • Изработена Нацрт стратегија за промоција на аутсорсинг за Владата на РМ и  регулаторните агенции
  • Презентирање на Стратегијата пред Владата и регулаторните агенции, преглед и дискусија за истата.