• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 146.240 A: 165 раб.ден B: 68 % Европска агенција за реконструкција 16 општини корисници КАРДС програма 2005 10.6.2008 - 30.10.2009 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

НАДЗОР НА ГРАДЕЖНИ ДОГОВОРИ ЗА ЛОКАЛНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ЛОТ 2

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Oпшти цели

Стимулирање на социјалната и економската кохезија преку поддршка на развојот на инфраструктурата во општините.

Специфични цели

Подобрување на инфраструктурата  во општините преку успешно комплетирање на селектирани проекти од мал обем.

Главната задача на консултантот е да изврши надзор над 16 инфраструктурни проекти од мал обем (кои се организирани во 13 договори за изведба). Во моментот на преземање на задачата 14 проекти се наоѓаат во гарантен период а 2 сеуште се во фаза на изведба. Консултантот ја врши улогата на раководител на проектот во согласност со Прирачникот на ЕК за договорни процедури при надворешни активности за надзор на договори за изведба. Обврските на консултантот како раководител на проектот за надзор на договорите за изведба се содржани во Анексот А од посебните услови на релевантните договори за изведба.

Што се однесува до проектите од програмата за локална инфраструктура, покрај раководењето во гарантниот период, обврските на консултантот вклучуваат и:

  • Учество во сесии на Управниот одбор (УО). УО е воспоставен за да обезбеди насоки и техничко водство за имплементација на програмата, да го надгледува прогресот на проектот и да обезбеди целосна координација при имплементацијата на проектот. Министерството за локална самоуправа претседава со УО а консултантот обезбедува техничка (презентација на подготвени извештаи (воведен, месечен (доколку е потребно) завршен) и административна поддршка (преводи, подготовка на записници и сл.) за Управниот одбор.
  • Практична обука за претставниците на општините. Од страна на единицата за имплементација на  проектот беше развиена стандардна програма за обука составена од пет модули кои одговараат на потребите на Програмата и на општините. Целта на обуката е на кадарот од општините да му се пренесе искуство со управувањето и надзорот на локални инфраструктурни проекти а во согласност со процедурите и стандардите на ЕУ. Обуката е наменета за претставниците на соодветниот општински кадар и техничкиот кадар од селектираните општини. Во склоп на задачата, консултантот обезбеди практична обука поврзана со модулот кој се однесува на воведувањето на завршниот технички прием со методичен преглед на сите важни чекори, вклучувајќи ги и потребните услови за издавање на гаранција за изведба и гаранција за поврат на средствата.
  • Преземање на сите неопходни чекори за да осигура дека општините се свесни за потенцијалните проблеми при менаџирањето на инфраструктурните објекти и да им помогне во наоѓањето на решенија со што до крајот на договорот сите инфраструктурни проекти ќе бидат оперативни.

 

ВИД НА УСЛУГА

 Резултати од ангажманот на консултантот, меѓу другото се:

За договорите управувани во текот на  периодот на изградба и гарантниот период:

  • Сертификати за времен и завршен технички прием за секој од наведените проекти, како и одобрување од Министерството за локална самоуправа и конечен теренски извештај потпишан од сите вклучени страни (изведувач на работите, општински претставник, надзор)
  • Сертификати за навремена наплата и завршна пресметка 
    Извештаи за текот на проектот (воведен, месечни, вклучувајќи ги сите теренски извештаи и финален)

За договорите управувани во текот на гарантниот период:

  • Сертификат за технички прием за секој од предметните проекти, вклучително и одобрување добиено од Министерството за локална самоуправа и конечен теренски извештај потпишан од сите вклучени страни (изведувач на работите, општински претставник, надзор)
  • Завршна ситуација за наплата за наведените проекти
  • Извештаи за текот на проектот (воведен; месечни, вклучувајќи ги сите теренски извештаи; завршен)