• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 89.460 6 A: 270 раб.ден B: 85 % Делегација на ЕК Министерство за внатрешни работи ЕУ финансирање 10.12.2008 - 10.7.2009 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

ИНЖЕНЕРСКИ УСЛУГИ ЗА ИЗРАБОТКА НА КОНСТРУКТИВЕН/АРХИТЕКТОНСКИ ПРОЕКТ И ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОЛИЦИСКИ СТАНИЦИ

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Општата цел е да се обезбеди професионална полициска служба и администрација која ќе овозможи одржување на јавниот ред и мир и владеење на правото согласно националното законодавство, земајќи ги во предвид најдобрите искуства и регулативи од ЕУ во кои населението ќе има доверба.

Специфични цели

Специфичната цел на овој проект е да се поддржи развојот на полициските станици, со особено внимание на просториите за притвор, просториите за прием и просториите на инспекторите за превенција, согласно стандардите на ЕУ и усвоениот Закон за полиција, одговарајќи на принципите на демократското општество, владеење на правото, заштита на граѓаните и почитување на нивните фундаментални права и слободи.

 

 

ВИД НА УСЛУГА

Во склоп на овој проект експертите изготвија анализа на моменталната состојба и преглед на активностите кои треба да се преземат за реновирање на полициска станица Гази Баба, полициска станица Карпош, полициска станица Бит Пазар, полициска станица Центар, полициска станица Прилеп, полициска станица Гостивар, полициска станица Гевгелија и полициска станица Штип, како и изработка на идејно решение за реновирање и комплетно тендерско досие за избраните полициски станици кои се дефинираат по завршувањето на фаза 1, како и асистенција за време на тендерскиот процес. Фазите беа следните:

Фаза 1 – теренска посета на локациите и изработка на нацрт проценка на трошоците за реновирање на полициските станици со особено внимание на просториите за притвор, прием и просториите за инспектори за превенција во секоја од осумте избрани полициски станици.

Фаза 2 – изработка на тендерски досиеја вклучувајќи го и идејното решение за секоја од полициските станици дефинирани во фаза 1.

Фаза 3 – Консултантот даде одговори и појаснувања на прашањата, направи теренски посети и учествуваше во оценката на примените понуди за изведба.