Име на правен субјект |
Земја |
Вкупна вредност на проектот (ЕУР) |
Број на персонал |
Име на клиент |
Извор на финансирање |
Датум (почеток/ крај) |
Име на партнери доколку има |
ГПМ Консалтинг |
Македонија |
630.000 |
1 / 130 раб.ден |
Министерство за финансии на Република Македонија |
Министерство за финансии на Франција (FASEP) |
10.5.2008 - 10.3.2009 |
ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ |
ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ СЛУЖБИ
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ
Општи цели
Помош на општините и јавните комунални претпријатија во изработката и спроведувањето на општинските инфраструктурни проекти.
ВИД НА УСЛУГА
Компонента I: Под-проектна подготовка и слични задачи:
a) Потврдување на критериумите за проценка на суб-проектот и изборниот процес
b)Преглед на под-проектите
c) Физибилити студии за најмал број избрани суб-проекти
i) Технички аспекти
ii) Финансиски проценки и капацитет за задолжување на општините
iii) Финансиска и економска проценка на придобивките од под-проектите
iv) Мерки за заштита на животната и социјална средина:
(1) Изработка на под-проект – планови за управување со животната средина (доколку се потребни проценки за влијанието на животната средина, тогаш се изготвуваат и детални проекти задачи за таква студија)
(2) Социјална проценка на под-проектот за одредување на потребата за стекнување на земјиште и/или пренаселување (доколку има потреба од стекнување земјиште, се изготвуваат проектни задачи)
v) Подготовка на тендерска документација за првото објавување на под-проектите.
Компонента II: Изработка на детален проект и оперативни постапки за подобрување на општинските служби
a) Институционални и организациони проценки;
b) Утврдување на финансиските договори помеѓу Владата и локалните субјекти кои учествуваат
c) Изработка на проектни оперативни постапки
i) Институционален план за развој,
ii) План за набавки и имплементација на проектот,
iii) Прирачник за управување со проектот,
iv) Прирачник и Систем за управување со проектните финансии,
v) Изготвување на активности за надградба на капацитетите во однос на горенаведените функции.
Компонента III: Надградба на капацитети за имплементација на проектот
Обука на работното место, работилници и подготовка на материјали за обука за персоналот на општините, ЦСЕ и централната власт кои вклучуваат:
a) Давање комплетна поддршка на имплементаторите на проектот, вклучувајќи насоки и надградба на капацитетите за менаџирање на финансиските проекти на Светска банка;
b) Насоки за набавки и финансиско управување;
c) Активности за надградба на капацитетите за изработка и имплементација на под-проекти.
Компонента IV: Дефинирање на системот за мониторинг и евалуација:
a) Изработка на методологија за мониторинг и проценка на резултатите;
b) Предлог за основни податоци согласно постојните релевантни податоци.