Име на правен субјект |
Земја |
Вкупна вредност на проектот (ЕУР) |
Број на персонал |
Име на клиент |
Извор на финансирање |
Датум (почеток/ крај) |
Име на партнери доколку има |
ГПМ Консалтинг |
Македонија |
100.000 |
2 |
Европска агенција за реконструкција, Министерство за локална самоуправа, Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) |
CARDS |
01.5.2006 - 01.7.2006 |
ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ |
ПРОЕКТНИ ЗАДАЧИ ЗА РАМКОВЕН ДОГОВОР ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТНИ ЗАДАЧИ ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА – СЕКТОР ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ
Општи цели
Главна цел е продолжување на поддршката од ЕК/ЕАР во процесот на децентрализација и подобрување на локалната самоуправа преку проекти на централно и локално ниво.
Специфични цели
Специфична цела на оваа задача е изработка на три проектни задачи и за КАРДС 2006 годишните програми за локалната самоуправа, базирани на веќе изработени анализи и тековни програми во секторот, земајќи ја предвид насоката во која се движи процесот на децентрализација.
ВИД НА УСЛУГА
Резултати:
Проектни задачи за проекти за техничка помош и поставување основа за технички спецификации за еден договор за набавка.
1. Еден договор за услуги за Техничка помош за зајакнување на имплементацијата на процесот на децентрализација
- Поддршка на координацијата со други донатори – реализација на повеќегодишната стратегија за обука и годишните програми за обука на општинската администрација – фокус на потребите за надградба на познавањата и капацитетите за долгорочно стратешко планирање, раководење според функционалноста и ресурсите.
- Продолжување на поддршката за Министерството за локална самоуправа на политичко и оперативно ниво.
- Поттикнување на капацитетот на МЛС за давање техничка поддршка на локалните власти.
- Техничка помош на ЗЕЛС за ефективно учество во сите релевантни процеси на децентрализација.
- Зајакнување на соработката помеѓу Владата и ЗЕЛС.
2. Еден договор за услуги за Техничка помош за подобрување на системот на локална самоуправа
- Зајакнување на капацитетите на општинско ниво за развој и управување со стратешки планови кои го поттикнуваат долгорочниот економски развој на локално ниво.
- Имплементација на политики на работење за промоција на развојот.
- Воспоставени Граѓански услужни центри на општинско ниво со сите административни и инфраструктурни ресурси.
- Помош за развој на капацитетите за долгорочно стратешко планирање на локално ниво и меѓуопштинска соработка
- Активности за развој на човекови ресурси за пренос на знаењата и капацитетите во одредени области на менаџментот на локалната самоуправа (ресурси, функција и управување со финансии).
3. Поставување основа за технички спецификации за еден договор за набавка, во тесна врска со проектите за техничка помош:
- За да почнат со работа, Граѓанските услужни центри ќе имаат потреба од канцелариска опрема.