• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 999.060 1 Европска агенција за реконструкција, Министерство за економија, Агенција за развој на претприемништво PHARE 01.1.2005 - 01.1.2006 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

РАЗВОЈ НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА (МСП ПРОЕКТ)

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Целта на проектот е подобрување на капацитетот на министерството и инфраструктурата за поддршка на МСП како би се подобрила бизнис климата за нивното работење.

Главен партнер на проектот е Министерството за економија. Други корисници се институциите за поддршка на МСП како Агенцијата за развој на претприемниптво, регионалните центри за поддршка на претпријатија, комори, деловни асоцијации, здруженија и сл.

Стратешката цел на Техничката помош за Министерството за економија е подобрување на капацитетот на министерството и инфраструктурата за поддршка на МСП.

Проектот придонесе за зајакнување на политиката за развој на МСП и осмислување на стратешки мерки за подобрување на креативноста, одржливоста и растот на МСП. 
Специфичните цели вклучуваат:

давање техничка помош на МЕ и националната инфраструктура за поддршка на МСП, со акцент на надградба на капацитетите 

оведување мерки за поддршка на нови бизниси и подобрување на бизнис климата за постојните претпријатија.

ставање акцент на проценетите и прифатени потреби на МСП во сите делови од државата, со цел да се поддржат во нивното работење и да се генерираат поголеми заработки и вработувања.

По имплементацијата на проектните активности беа добиени следните резултати:

ревизија на политиката на МСП секторот, осмислувајќи стратегија за МСП и програма за поддршка на МСП; 
секторот за МСП во МЕ е обучен за редовно ажурирање на документите;    
нов механизам за надзор и евалуација на на програмите за МСП и предвидените проекти;  
беа предложени и елаборирани нови програми за не-финансиска поддршка на МСП (хоризонтални и секторски програми);   
институциите за имплементација на програми за поддршка на СМП беа потпомогнати во нивните активности задоволително да ги пренесат истите на корисниците; 
кадарот на МЕ, АРП и други тела учествуваа во обемните обуки кои ќе имаат големо влијание на нивните вештини и ефикасноста во унапредувањето на политиката на работење и програмите на МСП;  
дел од избраните програми и проекти беа успешно разработени и осмислени;    
воспоставен е механизам на соработка и комуникација помеѓу МЕ, ново воспоставените и постарите бизнис организации, меѓународните донатори и други релевантни организации;  
беше изработена физибилити студија за воспоставување и работење на заеднички Гарантен фонд при што беа идентификувани потенцијалните основачи;  
беше дадена техничка помош за изработка на извештаите за надзор на МСП и ажурирање на Повелбата на МСП.

ВИД НА УСЛУГА

  • Преглед на мерките за поддршка на МСП применети во РМ и проценка на резултатите;
  • Извршена проценка на ваучер системот за консултантски услуги (насочен кон новите и постојни МСП и невработените лица) и зголемена свеста на јавноста за истиот;
  • Индетификувани потребите и областите на делување во кои деловните асоцијации можат да имаат корист со помош на проекти;
  • Одреден е обемот на поддршка на главните донатори при координирањето на нивните активности со МЕ;
  • Дадени се информации на донаторите во однос на активностите поддржани од МЕ, актуелните и планирани и собрани се информации од донаторите за нивните предвидени активности;
  • Креирање на МСП форум и зајакнување на јавно-приватниот дијалог.