• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 1.023.000 1 Европска агенција за реконструкција,Министерство за економија,Институти за стандардизација,акредитација и метрологија CARDS 16.6.2003 - 29.11.2004 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

ТЕХНИЧКА ПОМОШ НА ИНСТИТУТИТЕ ЗА СТАНДАРДИЗАЦИЈА, МЕТРОЛОГИЈА, АКРЕДИТАЦИЈА И ПОТВРДА НА КВАЛИТЕТ (СМАПК-1)

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Специфична цел е да се обезбеди техничка помош на сите три институти за стандардизација, акредитација и метрологија, да им се овозможи да ги подготват сите документи за воспоставување на институтите согласно објавените закони и да раководат со истите според европските искуства во релевантните области, а во исто време да овозможат обука за менаџмент и активности во областа на работење, поврзани со овие конкретни институции. 
Без ограничувања на областите, покриени ќе бидат следните: стандардизација, развој на стандарди, интегрирање на стандардизацијата во индустријата и услугите; имплементација и раководење со Информативни системи за стандардизација; организација на технички комисии; акредитација и сертифицирање; национална ознака за квалитет; СТО – технички бариери на трговијата; правна и индустриска метрологија, мерни стандарди и опрема и проценка на постапките за усогласување, обука во сродните области.

Предвидени резултати

За Институтот за стандардизација:

  • Орган за стандардизација со комплетно обучени инструктори
  • Информативен пункт на СТО-ТБТ со комплетно обучен кадар
  • Комплетно функционална и ажурирана веб страна со сите податоци за стандардите и директивите на ЕУ, како и меѓународни стандарди.
  • Функционален „Центар за информации за стандардизација“
  • Капацитет за организирање и управување со Техничка комисија за развој на нови стандарди во соработка со сите засегнати страни.
  • Капацитет за усвојување на европските, меѓународните но и националните стандарди
  • Капацитет за следење на новитетите за техничките регулативи на ЕУ и СТО

За Институтот за акредитација

  • Акредитивно тело со комплетно обучени инструктори
  • Капацитет за организирање и управување со Техничка комисија за одобрување акредитации
  • Капацитет да биде признаен од Европската и Меѓународната асоцијација за акредитација
  • Капацитет за акредитирање на тела и лаборатории

За Бирото за метрологија

  • Правно тело за метрологија со комплетно обучени инструктори
  • Капацитет за организирање и управување со правните и индустриски служби за метрологија
  • Капацитет за верификување и калибрирање на секоја опрема за мерење и тестирање
  • Поддршка на ЕАР во набавката на опрема и стандарди

 

ВИД НА УСЛУГА

Земајќи ја предвид улогата на ИСРМ во областа на стандардите, техничките регулативи и постапките за усогласување и обврската за воспоставување  информативен пункт на СТО-ТБТ како едно од примарните услови од Договорот помеѓу СТО-ТБТ, дадена е техничка помош на ИСРМ чија цел е исполнување на тие услови и поддршка на напорите на ИСРМ во формирањето, работењето и координацијата на активностите на информативниот пункт на СТО-ТБТ и подобрување на постапката за информирање на Секретаријатот на СТО и земјите членки за преземените мерки.

Затоа беа дадени следните услуги:

  • Целосно оперативен информативен пункт на СТО-ТБТ
  • Дефинирани постапки и регулативи за координација на информативниот пункт на СТО-ТБТ со владините институции инволвирани во активностите за известување.
  • Информативен пункт на СТО-ТБТ со комплетно обучени инструктори
  • Функционална и ажурирана веб страна со сите информации за информативниот пункт на СТО-ТБТ(Цел, назив, адреса, број на телефон и факс, е-мејл и интернет адреси на информативниот пункт на СТО-ТБТ; информации овозможени од информативниот пункт; понудени простории и трошоци)
  • Зголемен капацитет на известување за техничките регулативи.