• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Република Македонија 2.195.000 EUR 10 Царинска управа на Република Македонија Буџет на Република Македонија 25.5.2012 - 25.5.2014 Достапни на барање

НАБАВКА НА СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ЦАРИНСКИ ДЕКЛАРАЦИИ И АКЦИЗНИ ДОКУМЕНТИ (СОЦДАД)

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Општа цел на овој проект е испорака на Систем за обработка и управување со царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД).

Специфични цели

Проектот за СОЦДАД има за цел да обезбеди систем кој ќе овозможи непречен проток на електронски информации помеѓу сите учесници во процесот на цариски и акцизни постапки, преку поврзување со надворешниот, националниот и заедничкиот домен (ЕУ домен), како и со доменот на други владини институции. Со поедноставување и автоматизирање на административното одвивање на процесите ќе се зголеми ефикасноста при спроведување на контролите, наплатата и ќе се забрза протокот на стока.

Со имплементација на СОЦДАД ќе се обезбеди решение кое ќе и обезбеди на Царинската управа и на царинските испостави:

  • Управување со царинските декларации и акцизните документи (поднесување, прифаќање, евидентирање, обработка, архивирање);
  • Контрола на движењето на акцзните стоки размена на електронски пораки во рамки на автоматско административно одвивање на операции;
  • Ефикасност во спроведување на контролите околу наплатени и вратени царински давачки;
  • Забрзан проток на стока;
  • Подобрување на безбедноста на синџирот на снабдување, согласно иницијативата на СЦО и согласно стандардите за членство во ЕУ.

Решението ќе обезбеди размена на податоци помеѓу царинските органи, економските оператори, како и со другите владини институции.

ВИД НА УСЛУГА

Договорната страна ќе го обезбеди СОЦДАД системот, составен од следниве системи:

  • Систем за размена на пораки во електронското работење (со бизнис заедницата, застапници, банки, други агенции и статистики)
  • Транзит
  • Увоз
  • Извоз
  • Систем за контрола на увоз
  • Систем за контрола на извоз
  • Систем за контрола на движење на акцизни стоки
  • Систем за контрола на акцизни документи,

како и подсистемите, со соодветната придружна документација.

Договорната страна ќе ги спроведе следниве активности:

  • Анализа, развој, тестирање, испорака, инсталирање, и ставање во функција на СОЦДАД;
  • Умплементирање на СОЦДАД, поддршка при преминување кон производствена и пост-имплементациска фаза, што ќе биде обезбедена од страна на изведувачот;
  • Обука за користење, одржување и прилагодување на апликацијата, наменета за корисниците и вработените од Секторот за информатичка технологија;
  • Одржување на софтверот и услуги за поддршка.
     

Како дел од обврските на Договорната страна е и интеграцијата и интерконекцијата на системите и подсистемите на СОЦДАД со модулите на NCTS (систем кој тековно се имплементира во Царинската управа) и  ITE (систем кој треба да се развие со проект кој е во пред-договорна фаза), како и миграција и транзиција на податоците и работењето од постоечките функцинални системи кон СОЦДАД.