• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Република Македонија NA 1 Министерство за финансии (ЦФЦД) ИПА Компонента III 23.07.2012 - 25.12.2012 Достапни на барање

РЕХАБИЛИТАЦИЈА, НАДГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ СТАНИЦИ ПО ДОЛЖИНА НА ПАН-ЕВРОПСКИОТ КОРИДОР X И КРАКОТ XD

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Општа цел на овој проект е целосно подобрување на квалитетот на услугите за патници и стока, зголемување на техничките стандарди и капацитет на железничките станици и комплетно интересот за патување и транспортирање со воз.

Специфични цели

Специфични цели на оваа задача е изработка на високо квалитетна техничка документација и тоа:

  • Изработка на студија со оценка на моменталната состојба на приоритетните (6-10) железнички станици по должина на  Пан-Европскиот Коридор X и кракот Xd  вклучувајќи анализа за идентификување на потребите за рехабилитација и можноста за имплементирање на најдобрите искуства од ЕУ;
  • Изработка на детален план, вклучувајќи и предмер за рехабилитација на секоја од (6-10) прво рангирани железнички станици базирано на претходно спроведена студија ;
  • Изработка на комплетна тендерска документација за изведба за рехабилитација на приоритетни железнички станици (6-10), согласно најновите PRAG правила и процедури за набавки и црвената FIDIC книга за изведба (договорни услуги); 
  • Изработка на Проектна задача и индикативен буџет за Рамковен договор за надзор на изведба за рехабилитација на приоритетни железнички станици (6-10),  согласно најновите PRAG правила и процедури ;
  • Презентација на изготвените документи пред Договорниот орган и крајните корисници.

ВИД НА УСЛУГА

  • Договорната страна ќе ги овозможи следните услуги:
  • Изработка на студија со оценка на моменталната состојба на приоритетните (6-10) железнички станици по должина на  Пан-Европскиот Коридор X и кракот Xd  вклучувајќи анализа за идентификување на потребите за рехабилитација и можноста за имплементирање на најдобрите искуства од ЕУ.
  • Изработка на детален план, вклучувајќи и предмер за рехабилитација на секоја од (6-10) прво рангирани железнички станици базирано на претходно спроведена студија.
  • Изработка на комплетна тендерска документација за изведба
  • Изработка на Проектна задача