ЖИВОТНА СРЕДИНА
ГПМ Консалтинг со помош на своите експерти за животна средина обезбедува консултантски услуги коишто соодветствуваат со потребите на компаниите и владините агенции со дејности од областа на животната средина, a притоа ја потврдува својата посветеност кон одржливиот развој. Консултантските услуги на ГПМ Консалтинг ги опфаќаат регулативите и политиките за животната средина, вклучувајќи и организирање обуки за усогласеност во областа на животната средина, организирање состаноци за презентирање проекти, поддршка при евалуација и изготвување извештаи од областа на животната средина.
Нашата експертиза ги покрива следните области:
- Евалуација на влијанието врз животната средина
- Управување со отпад (вклучувајќи ги и аспектите на јавните/ приватните структури за управување со отпад)
- Контрола на индустриското загадување
- Управување со води, вклучувајќи планирање (на пр. управување со речен слив), водоснабдување и третман на отпадни води.
- Загадување на воздухот
- Заштита од бучава
- Хемикалии, отровен и опасен отпад
- Управување со еколошки ризици / катастрофи