• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА

Во времиња кадешто технологијата е предводник на глобалната интеграција и развој, една од целите на ГПМ Консалтинг, во соработка со своите клиенти, е да развива одржливи информатички решенија коишто ќе придонесат за подобрување на глобалната бизнис-стратегија. Преку обезбедување услуги од доменот на информатичката технологија коишто се во согласност со актуелните трендови на пазарот, компанијата им дава поддршка на своите клиенти при спроведување најразлични информатички решенија: апликации, мрежи, програми за безбедност и сл., како и при оптимизирање на менаџирањето проекти на информатичките компании.

Во овој домен, услугите на ГПМ Консалтинг се фокусирани на:

  • Информатички системи за управување со јавни финансии (на пр. интегрирани информатички системи за финансиско управување)
  • Платформи: хардвер, софтвер, мрежи
  • Апликации: апликациски пакети, експертски информатички системи (ЕИС) / управувачки информатички системи / складирање податоци, системи за поддршка на активности за донесување одлуки (DSS)
  • Информатички системи како алатка за управување со знаењето.