• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

КУЛТУРА И ОБРАЗОВАНИЕ

Имајќи предвид дека знаењето и пренесувањето информации се темел за локален и регионален развој на општеството, ГПМ Консалтинг го става на располагање знаењето на своите експерти, со цел зголемување на ефективноста на образовниот систем. Користејќи ги најновите достигнувања во развојот на образованието, експертизата на ГПМ Консалтинг во полето на стручното образование и доживотното учење, им овозможува на клиентите да ги развијат своите способности и да го подигнат нивото на образование, без разлика на нивната возраст и професија.

Како дел од конзорциумот со европски партнери, вторпат по ред ГПМ Консалтинг го доби EC Lot 9 Framework contract којшто претставува инструмент за брзо и транспарентно регрутирање експерти, за активности од исклучителен интерес на Европската комисија, или од заеднички интерес на Комисијата и на земјите/институциите - корисници на програмите за надворешна помош, во смисла на поддршка на трети земји. FWC BENEF 2013 започна во јануари 2014 година со првичен период на траење од 2 години и можност за продолжување од дополнителни 2 години опфаќајки ги областите: култура, образование, вработување и социјална политика.

Како дел од меѓународен конзорциум ГПМ Консалтинг доби четиригодишен проект European Training Foundation ETF FWC 2006 - 2010 - Key competences for lifelong learning. Целта на проектот е евалуација на степенот на примена на еколошки и педагошки пристап при развивање компетенции за доживотно учење и за претприемништво кај ученици од средно стручно образование, по ВЕТ- програмата, и кај ученици со повисоко образование, како и идентификување на начините за подобрување на моменталната состојба.

Нашата експертиза ги покрива следните области:

  • Култура (развојни политики, меѓукултурен дијалог, културно наследство, аудиовизуелни, индустрии од областа на културата и туризамот)
  • Образование (формално и неформално)
    • Основно образование (Целото основно и систематско образование од прв циклус за деца)
    • Средно образование (Систематско образование од втор циклус)
    • Високо образование (Дипломски програми на универзитетите, вишите школи и колеџите; стипендии)
  • Анализа на образовниот сектор, реформи и управување
  • Стручно образование и обука (формално и неформално)
  • Анализа на потсекторот за стручно образование и обука, реформи и управување
  • Доживотно учење
  • Пазар на труд и вработување (формално и неформално)