• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Работејќи во средина кадешто, од секој аспект на општеството, децентрализацијата е од суштинска важност за развојот, ГПМ Консалтинг нуди услуги за поддршка во клучните компоненти на децентрализацијата, т.е. преземање на надлежностите и фискалната одговорност од страна на општините. Експертските услуги на компанијата ги подобруваат компетенциите на субјектите со цел да бидат во чекор со брзиот развој на настаните на ова поле, како и со суштинските трансформации.

Нашата експертиза ги покрива следните области:

  • Фискална политика
  • Социјални прашања
  • Јавни финансии
  • Буџетски процес
  • Зајакнување на капацитетите за развој и управување со стратешки планови, на ниво на општина, коишто овозможуваат долгорочен економски развој на локално ниво
  • Активности за развој на човечките ресурси во однос на пренесување на знаење и капацитети во релевантните полиња од управувањето со локалната власт (ресурси, функција и управување со финансии)