flash

Поддршка при изработка на стандардизирани компоненти според Волумен I и III од тендерски досиеја за СЕКТОР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА (Отпад)

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Croatia 240.000 22 MD EcoFund, CODEF, Министерство за животна средина EC, EBRD, EIB, KfW 01.07.2013 - 01.12.2013

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Изготвување на општите обрасците на тендерското досие за секторот за отпад – Дел1 и стандатдните обрасци од Дел 3, врз основа на меѓународните практики.

Специфични цели

  1. Развивање на методологија и насоки за дефинирање на критериумите за избирање и доделување на проекти за отпад, во согласност со националното законодавство на Хрватска и европските директиви за јавни набавки, земајќи го предвид толкувањето од страна на Европскиот суд на правдата на случаите поврзани со оваа задача.
  2. Изготвување на табела за евалуација врз основа на бинарен критериум (Да/Не).
    Идентификување на стандарди за материјали и работа за Дел 3 од обрасците на тендерското досие, за потребите на проектите од секторот за отпад.
  3. Идентификување на мерни системи и стандарди за Дел 3 од обрасците на тендерското досие, за договори по Црвена и Жолта книга од FIDIC.
  4. Развивање на обрасци за договори за техничка помош за надгледување на изградба, за потребите на проектите за животна средина за отпад.
  5. Организирање и спроведување на работилници за секоја од клучните испораки, со цел модификација и измени пред финализирање на испораките.
  6. Ревизија и ре-издавање на испораките во согласност со заклучоците од работилниците.
    Организирање на работилници за алтернативни структури за имплементација на проекти, како сто се: концесии,  BoT, DBFO или пристапи по Бела/Сребрена книга на FIDIC.
  7. Развивање на стандарди за изведба заедно со алатки за надгледување и известување на поставените стандарди и индикатори потребни за EPEEF, при извесување до Комисијата за достигнување на таргетите на ЕУ, соодветно со таргетите на ЕУ директивите.

ВИД НА УСЛУГА

Со цел да се обезбеди квалитетен резултат на задачите за изведба:

  • Според Црвена и Жолта книга на FIDIC, Изведувачот ќе предложи стандарди за материјалите и методите на работа за Дел 3, како и стандардни процедури за мерење и тестирање врз основа на добрата инженеринг практика и националното законодавство. Овие стандарди ќе претставуваат општо дефинирање кое може да се користи делумно или целосно и да се поврзат со побарувањата на Договорниот орган од тендерското досие.
  • Според Црвена и Жолта книга на FIDIC, Изведувачот ќе предложи обрасци за тендерска документација за Дел 1 за да се унифицираат упатствата до понудувачите и ќе предложи евалуациона мрежа за понатамошна употреба. Ова ќе покрива: а) Пристап по најниска цена и б) Пристап по најниска економска вредност, како и соодветните обрасци за гаранција, како што е гаранцијата за изведба за варијанта б).
  • Поставување на индикатори за изведба за операции со проекти за отпад
  • Изготвување и предлагање на стандарди за секторот за отпад во согласност со OP и директивите
  • Изготвување на обрасци за известување и правила за комуналните компании во однос на EPEEF во однос на индикаторите за достигнување на изведба
  • Средства за надгледување на договорените стандарди
  • Обрасци за известување за стандардите на EPEEF во однос на достигнувања на индикаторите за изведба.

Project archive

  • http://gpm.com.mk/upload/ugg170.asp