flash

Земјоделство и рурален развој

agri

ГПМ Консалтинг нуди консултантски услуги на меѓународно ниво, со цел поддршка на развојот на руралниот бизнис, како и техничка поддршка во областа на руралниот развој и безбедноста на храната. Имајќи пристап до широка мрежа на врвни експерти и организации со повеќегодишно искуство, ГПМ Консалтинг обезбедува консултантски услуги во текот на сите проектни фази, на големи интегрирани проекти, на локални проекти за рурален развој и на проекти за одржлив развој.

Експертизата на ГПМ Консалтинг ги опфаќа следниве области:

  • Примарно земјоделско производство, вклучувајќи ја и хортикултурата;
  • Шумарство;
  • Управување со земјиште (преуредување на земјишта, планирање на намената на земјиштето и реструктуирање фарми);
  • Рурална инфраструктура, вклучувајќи наводнување и одводнување;
  • Заштита и контрола на болести на земјоделските култури;
  • Животинско производство и здравје на животни;
  • Безбедност на храна;
  • Рурални советодавни услуги.

  • http://gpm.com.mk/upload/ugg170.asp