flash

Транспорт и инфраструктура

transport

Една од целите на ГПМ Консалтинг е да обезбеди услуги за сите видови проекти за транспорт. Компанијата го дава својот придонес кон процесот на модернизација и одржување на системите за транспорт и инфраструктура со предлагање најбезбедни и најекономични решенија. Задржувајќи ја фокусираноста на функционалноста, градежната технологија, заштедата на енергија и еколошкото планирање, ГПМ Консалтинг нуди експертски совети за широк спектар на  градежни проекти поврзани со транспорт и инфраструктура, коишто опфаќаат комунални услуги и изградба на патишта, железнички пруги, мостови, тунели, аеродроми.

01.04.2009 година – Како партнер на меѓународен конзорциум, ГПМ Консалинг го доби DG TREN/R1/350-2008 Framework Service Contract што се однесува на правна, економска и техничка поддршка од областа на енергија и транспорт, лот 3 – Активности за техничка поддршка на Европската Комисија. Индикативниот износ на работата изнесуваше 5 000 000 евра со времетраење на договорот од 4 години.

Нашата експертиза ги покрива следните области:

  • Патишта
  • Железнички пруги
  • Тунели
  • Мостови
  • Аеродроми и воздушен сообраќај
  • Интермодални инфраструктури
  • Безбедност при транспорт
  • Згради (за образование, здравство, администрација и индустрија)
  • Инфраструктури на гранични премини
  • Брани, хидраулични инфраструктури
  • Водоводна и санитарна мрежа
  • Инсталации за третман и отстранување на цврст отпад
  • Урбанизам
  • Решавање на конфликти / спорови од областа на градежништво и изградба

  • http://gpm.com.mk/upload/ugg170.asp